ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Урбан сељачизам…

October 26, 2021 11:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

ДПМНЕ никогаш не покажала значајни отстапки во гласачкото ткиво. Партијата се соочувала со фракции, со обиди за Народни, Вистински, Единствени и други вморонски облици на политички субјекти, но, ниту една од овие појави не успеале да ја разводнат, да ја раситнат гласачката машина на ДПМНЕ. Порано или подоцна, сите овие неуспешни обиди се враќале во јатото на ДПМНЕ. Ниту промената на лидерите во партијата имала влијание за појава на разочараност меѓу гласачите и симпатизерите на оваа партија. Легалната пљачка на државниот буџет на Љубчо Георгиевски после која се прокламира како богат успешен бизнисмен, немаше влијание врз симпатизерите гласачи на ДПМНЕ. Најдобриот показател за цврстината на тоа јадро на ДПМНЕ беа бомбите на Заев. И после се’, и после апла чуениот начин на владеење на Груевски, после огромната децениска кражба на пари и имот од државата, ниту тој ниту партијата се соочија со значителен пад на рејтингот. Напротив. Секогаш и на секои избори се во границите на издржливата толерантност, а криминалецот бегалец доволно е да се јави со една реченица на ФБ и за неколку минути да добие илјадници допаѓања. Има различни анализи за овој феномен, но, ако треба во една реченица да се смести сето ова, тогаш, според мене, најприкладно е објаснувањето дека ниту една анализа не наведува на нормалност, на издржаност, на логичност, на здраворазумно објаснување, туку, на спектакуларно тврда индоктринираност, на болест која не може да ја поколеба, односно излечи, и најголемиот ајдук на чело на партијата, на балканска ненормалност која со векови егзистира на овие простори како сосема природна нормалност. А против природата, јебига, тешко…

СДСМ од секогаш се соочувала со голем број “умови“, “мозоци“, како единствена интелигенција од непроменливи самопрогласени константи во партијата без кои не се може, умови на кои, чим им ги “потскратиш крилјата“, чим им покажеш друго место, немилосрдно и оштро атакуваат кон врхушката лоцирајќи ги најголемите виновници за нивното дистанцирање. И Бранко и Бучко, а сега и Заев се соочува со овој “умствен“ атак врз партијата. Најголемите замерки поаѓале од арогантноста, од самувереноста како резултат на самобендисаноста, на урбаната забеганост од убедувањето дека тие кои се, се непроменливи, незаменливи, дека без нив не може да има СДСМ, не може да има стабилна партија. Користејќи ја ароганцијата, цинизмиот, потценувањето, нискоста, дрскоста во широката лепеза понижувачки атаци врз сопартијците. И секогаш во сите примери наназад, заради ваквите појави, гласачкотко ткиво на СДСМ се разводнувало, се раситнувало и се прелевало некаде на некои други места, највеќе во масата апстиненцијални набљудувачи, или, во интелигентни разгласи на сеирот од сопствената несреќа…

На ваквите посебно тешко им паѓа последниов случај, со прогласениот “сељак“ од Муртино, кој, по заслуга на партијските конгресмен(к)и, а потоа и со бомбите ја завзема па ја зацврсти првата позиција во СДСМ, и правејќи ја “најголемата“ грешка внатре во кадровските позиционирања, расчисти со таканаречените “деца“ на Бранко, и ете, ја “посељачизира“ и партијата. “Оправдано“ разочараните, изиграните од новото раководство, интелигентните стануваат гласни и отворени непријатели на врхушката во сопствената партија. Не се нивните апели и коментари, издржани критики од кои власта, односно, лидерството во нивната партија ќе извлекува корисни пораки. Не. Тие се прожектираат како оние без кои партијата не може, а овие кои се, за ништо не ги бива, и во фронтален напад здушно работат против себе…

Безначаен е повикот за обединување од страна на Заев врз ова “умствено“ ткиво од поранешни разочарани членови и симпатизери на СДСМ. Тие се потсмеваат на ваквиот повик. Тие се потсмеваат на се’ од Заев. Немаат друга цел освен оние кои ги дистанцирале од партијата, од удобностите, да бидат поразени. И не само на избори, туку да бидат столчени, понижени како субјекти кои ете, се обиделе да се дрзнат да си поигруваат со квалитетот во партијата, со нивните политички кариери, а од партијата направиле “Селска задруга“, исклучувајќи се себе од заслугите за таквата состојба. Хе…

Не се за потценување. Овие, набиени со омраза, никогаш нема да прават разлика во околностите дека со поразот на нивниот партијски непријател, во овој случај ќе биде поразена и државата, дека истата ќе се соочи со воспоставување на нови фронтови во кои, и тие, доколку се појават како идна алтернатива на чело на СДСМ, сите битки ќе мораат да ги започнат од почеток, но, со многу поголема извесност дека некогаш ќе ги добијат. А кога не ти е битно што ќе се случува со државата, која е битноста да го смениш началството во партијата, па евентуално да застанеш на чело на истата, за да ја водиш државата? Искрено, очекував многу поинтелигентна борба во смената на сегашното раководство на СДСМ, од оваа, со која јавно настапуваат некои поранешни високи функционери на истата. “Муртинецот“, не се победува со тактика на пласирање “урбан сељачизам“ – озборувања, потценувања, навреди, шиканирања, и во многу погрешен момент за државата. Штетно и за нив, и за СДСМ, и за државата. Како и да е, надежта дека разумот во гласачкото ткиво ќе победи на 31 октомври, е голема и издржана…


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk