ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Знам дека си ти кога викам алооо…

October 26, 2021 09:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Фатил цајкан златна рипка. „Ќе ти исполнам три желби, ако ме пуштиш“, му рекла рипката. И ја пуштил.

Вицовите за (не)интелигенцијата на полицајците се еден од најстарите стереотипи во многу култури. Но, прикаската за прилепските џандари, што се обидува на предизборната јавност да ѝ ја „продаде“ ВМРО-ДПМНЕ последниве денови, дека десетици припадници на тамошната полиција, на чело со локалните началници и командири на полициски станици, се организирале во ВИБЕР група (?!) за, во корист на власта, да вршат притисок врз гласачите со сопирање автомобили по улиците, навистина делува како врвна глупост – од тие што ја објавија! Арно што не му текнало на полковникот Драган Ковачки на партиската прес-конференција да ја облече и офицерската униформа на АРМ, за да делува што поуверливо и поавторитетно…

На локалниве избори, ВМРО-ДПМНЕ оствари уверлива победа во Прилеп. Нивниот кандидат Борче Јовчески го „прегази“ СДСМ уште во првиот круг, со освоени 55% од гласовите, со 7-8.000 гласа разлика од противничкиот кандидат Горан Сугарески. Што им треба да го девалвираат тој успех со вакви наивни полициски сказни?!

МВР излезе со податок дека на денот на изборите во Прилеп ниту едно возило не е испратено на вонреден технички преглед и дека, дури, ни една казна не е „пишана“ за непрописни возења. И тоа е практика што загрижува, а говори за тоа дека полицијата, навистина, има „политички“ резон во делувањето за време на избори, ама во спротивна насока од оваа за којашто сериозно се обвинува: дека е партиски злоупотребена од сегашната власт како механизам за притисок врз гласачите!

Разузнавачко-безбедносниот полусвет собран по изборните штабови на нашите партии доживеа спектакуларен политички пораз токму во ВМРО-ДПМНЕ откако – потврдено и со правосилни судски пресуди – се открија мамутските размери на злоупотребата на безбедносните структури во нивното владеење со државата. Резултатот од тоа и формално го знаеме, бидејќи половина од тој состав е во затвор, другата половина е во бегство во странство – и тоа нашата опозиција е решена НИКОГАШ да не му го заборави на ова раководство на СДСМ! Толку убаво им одеше владеењето, додека не ги раскринкаа…

Затоа, преостанатата „трета половина“ од безбедносното подземје кај вмровците – оние околу поранешниот претседател Иванов, да речеме, не ги ни чепнаа – си ја продолжува политикантската практика да создава политички смутови со произведување „доверливи“ афери и скандали за забава на јавноста. Тие содржини секогаш привлекуваат внимание. Фејсбук е преполн со заговори и шпекулации, а и со „извори“, со најфантастични содржини. Една таква вест со сериозно предупредување за наводна вооружена група која би пукала по избирачки места, ни помалку ни повеќе, на денот на првиот круг на гласање лиферуваше и Американската амбасада во Скопје, за да се испостави дека, наводно, и тие биле изманипулирани со алармантни „доверливи дојави“ од една овдешна политичка партија… Нејсе.

Сепак, да не се разбереме погрешно: работата на полицијата МОРА да биде под постојан надзор на јавноста и медиумите, а секако и на опозицијата. Половина од криминалот во Македонија – трговијата и транспортот на дрога, на пример – е НЕВОЗМОЖЕН без учество на корумпирани полицајци од сите „партии“ и „независни кандидатскии листи“, во и без униформи. Си има уште многу работа и за внатрешната контрола во МВР и за надлежните обвинителства.

Ама, па, ова со прилепската полициска вибер-група – денес секој може да направи група на вибер, да ги додаде кои сака телефонски броеви и да почне да разменува „доверливи“ пораки – ги надминува и најсмешните вицови за глупоста на полицајците, особено кога би биле точни! Додуша, и од другата страна на „драмата“ стојат полицајски умови, па резултатот некако му доаѓа нерешено смешен. А и тажен.

 


Преземано од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk