ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Со унапредување на системот на евалуација до поквалитетно високо образование

October 28, 2021 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска им посака успешна работа на членовите на Одборот за евалуација на високото образование, кои посетуваат обука организирана и поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје.

Овој одбор, кој функционира од почетокот на годината, за првпат е формиран во Република Северна Македонија, врз основа на Законот за високо образование и Стандардите и насоките за обезбедување на квалитет во европскиот простор на високо образование, а неговата цел е да го унапреди квалитетот на високото образование во нашата држава.

,,Верувам дека преку оваа соодветна обука ќе ги стекнете потребните знаења и компетенции кои ќе помогнат во градење на капацитетите за евалуација и самоевалуација, клучни компоненти на процесот на обезбедување на квалитет во високото образование. Исто така, убедена сум дека, стекнатото знаење и искуства, ќе се применат на најдобар начин за следење и оценување на квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката и стручната работа на академскиот кадар на високообразовните установи, и посебно на нивните студиски програми. Сето ова го правиме, со цел да обезбедиме квалитетни високообразовни установи, кои ќе имаат атрактивна понуда на студиски програми не само за домашните, туку и за странските студенти и верувам дека со заеднички труд и посветеност ќе ќе ги оствариме овие цели’’, рече Царовска.

Одборот за евалуација има законска обврска да подготви Предлог-Правилник за стандардите и постапката за надворешна евалуација и самоевалуација. Имено, стандардите и постапката според кои се врши надворешната евалуација и самоевалуација мора да бидат усогласени со прифатените стандарди и постапки кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование. За таа цел, цениме дека обуката  низ призма на компаративните искуства ќе биде од голема полза за членовите на Одборот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Данела од понеделник почесен конзул и на Бугарија

НАЈНОВО

Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Иран за нуклеарната програма повторно под санкции на ОН

September 27, 2025
Фото: МИА

Во Кочани 24. „Марш за ангелите“ – симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност

September 27, 2025

Сиљановска-Давкова на Форумот на светски лидери на Универзитетот Колумбија во Њујорк: Барањето за уставни измени нема ништо заедничко со Копенхашките критериуми

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk