РИБАРО
Се поизвесниот пораз во недела, најмногу поради нечесното криење на Данела Арсовска дека поседува бугарско државјанство и лична карта, кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, сепак може да го претвори во лична победа.
Како што јавуваат изворите на АХА од Софија, Бугарија има намера својата бугарка во Скопје да ја згрижи и да ја постави за почесен конзул на Бугарија во Македонија.
Тоа е најмалку што може да го направи официјална Софија во овој момент за својата Даниела, коментирал висок великодостојник од бугарското МНР, откако дознал дека не само Данела, туку и нејзиниот сопруг имал бугарско државјанство кое го држел во тајност, пренесуваат доушниците на АХА.
Най-малкото, което можеме да направиме в този момент, е да назначиме нашето момиче Даниела за почетен консул в Македония. Тя е наше чедо и ние трябва да се грижим за нея. Само внимавайте да не ни изиграят така, както направиха с нашия Орце Камчев.
Размислувањата оделе дотаму, што бугарските власти планирале одобрувањето од македонската страна Данела да е почесен конзул на Бугарија, да е еден од милион и двеста предест и трите услови кои Бугарија ги поставува кон Македонија, за да го тргне ветото за отворањето на поглавјата со ЕУ.
Единствен проблем, би можело да биде дали е можно една личност истовремено да биде почесен конзул на две држави, бидејќи нели Данела е почесен конзул и на Унгарија.
Од македонското МНР, за АХА велат дека нашата земја со задоволство би издала егзекватура – би се согласила родената македонка бизнисменка и менаџерка со бугарска самосвест и двојно државјанство да е почесен козул од братската земја.
Претходно Бугарија го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул во Македонија. Официјално Скопје во април 2018 година го одби предлогот на Софија. Доколку Камчев станеше почесен конзул, тој ќе добиеше функционален дипломатски имунитет кој ќе му овозможеше и заштита од кривичен прогон во Македонија.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK