Данела Арсовска од ден во ден се повеќе се заплеткува во своите лаги. Скопјани лесно
препознаа за каков измамник станува збор и затоа во недела ќе биде многу изненадена од
изборниот резултат. Прво лажеше и се криеше дека не ја менаџирала салата „Расадник“ за
денес конечно да признае под притисок на медиумите. Арсовска со тоа призна и
дека како менаџер на семејната компанија оставила 54.000 евра долг за струја и објект во
целосно руинирана состојба. Ова ли се менаџерските способности на Арсовска кои им ги
сервира на скопјани?
Арсовска сè уште се крие и не признава за бугарското државјанство и упорно негира иако сите
домашни и бугарски институции и медиуми тоа го потврдија. Зошто упорно го крие овој факт
Арсовска? Јавноста бара одговори. Додека е легално како државјанка на Бугарија да биде
кандидат за градоначалник, целосно е неморално и кукавички тоа да го крие од јавноста. Што
е целта и кои се вистинските причини за таа да го крие своето бугарско државјанство?
Криењето на вистината е страв од сопствените граѓани, а сето тоа деновиве повторно го
гледаме во режија на ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка. Тоа е пред сè неодговорност кон
граѓаните, но и опасно потсетува на време кое никој во Скопје не сака да се врати. Бегање од
дебата, бегање од одговори, криење на информации се последното нешто што му треба на
Скопје.