Министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата Трилинг одговори зошто е отворена аферата со бугарското државјанство на Данела Арсовска.
„Тоа што Данела Арсовска има бугарско државјанство не е воопшто проблем, ниту пак е лоша работа. Проблемот е што изрекува невистини и не ја прифаќа вистина која е очигледна и која е проверлива.
Сакавме да укажеме на една неискреност од страна на кандидатката на опозицијата, и ако е таа подготвена за ова прашање да не ја каже вистината, можеме да претпоставиме дека има и други работи за кои не сака да ја каже вистината и дека не ска да даде одговор на јавноста.
Тоа секако го отвора прашањето за нјезинито кредибилитет особено затоа што таа се нарекува кандидат без дамки.“
Маричиќ појасни дека ова не значи впуштање во анти бугарска кампања, туку кампања против лаги и невистини што долго време е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, рече Маричиќ. Како аргумент тој посочи дека таа е незавиен кандидат а реално данела е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, и второ дека е лицемерие што крие дека има бугарско државјанство.
Во однос на себе влужувањето на премиерот Заев во кампањата за вториот круг особено за Скопје, Маричиќ смета дека мотивацијата и на преммиерот и на целата Влада и на СДСМ е огормна за да го задржат Скопје, затоа што е симбол на отвореноста и на борбата против тоа што беше режимот и дека верува дека граѓаните ќе го препознаат и дека ќе дадат подршка во вториот круг. Она што премиерот Заев го кажа е добра мотивација на голем број на луѓе кои навистина сакаат да продолжиме по патеката, но со научени лекции, свесни за пропустите.
„Граѓаните ни ја упатија пораката која ја уважуваме и се обврзуване да направиме темелни промени“ нагласи Маричиќ.
Но како што рече очекува и во другите градови каде СДСМ води или е во вториот круг да победи нивниот кандидат.
Најавите од страна на опозицијата за формирање ново парлемнтарно мнозинство Маричиќ ги отфрли како неосновани:
„Прекројување на вољата на граѓаните не е начин за промена на власта, така што мислам дека Мицковски не ттреба на тоа да се надева, туку дека тоа повеќе го користи како мотивација за неговите членови да излезат на гласање зашто им е јасно дека владата има уште три години мандат кој планира да го искористи“.
Тој дури отиде и подалеку најваувајќи дека по избрите постојат две опции кои се најреални.
Едната е да остане сегашното мнозинство од 62 пратеника, или да се засили парламентарното и владиното мнозинство со други пратеници кои би ја зајакнале владата и одлучувањето во Собранието за да можат некои процеси кои сега се закочени да течат полесно во интерес на граѓаните.