ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од Данела Арсовска ќе слушнете сѐ, само одговор на прашање – не

October 29, 2021 19:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Недозволување на новинарски прашања, избегнување на ненарачани прашања и бегање од секаков вид на предизборно јавно соочување на противкандидатите ја одбележаа кампањата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Со дрзок и арогантен однос кон новинарите и јавноста Арсовска во тектот на кампањата одби да даде одговор за сите скандали кои ја опкружуваат, а не одговараше ни на прашања за тоа како ќе ги спроведе дел од проектите кои ги ветува во кампањата. Нејзината аргонација и уверување дека таа е над народот и дека жителите на Скопје се должни да ја изгласаат најдобро се покажа од односот кон новнарите, а со самото тоа и кон граѓаните, со нејзиниот став дека нема што таа да се објаснува пред медиумите. При тоа заборава дека со одговорите за новинарите таа одговара на граѓаните. Иако едно од нејзините ветувања во програмата за градоначалник е дека на граѓаните кои бараат услуга од градот ќе им се одговара во рок од 24 до 72 часа, сепак очигледно тоа не важи и за прашањата поврзани за останатите проекти и скандалите на Арсовска.

Надменоста на Арсовска се покажа уште со првата нејзина прес-конференција со која ја започна кампањата. Со доцнење од дваесетина минути, таа наброи дел од проектите од нејзината програма и не дозволи поставувања на новинарски прашања, што наиде на чудење кај присутните новинари. Како во стилот на ВМРО ДПМНЕ кое не дозволуваше прашања кога ќе проценеше дека ќе има незгодни новинари. Ваквиот однос продолжи и во текот на кампањата, Арсовска наместо да даде директен одговор на новинарските прашања во врска со скандалите дека нејзините компании направиле долг од 54 илјади евра за електрична енергија или за нејзиното бугарско државјанство, таа ги избегнуваше истите со закани за тужби. На директното новинарско прашање дали ја има менаџирано спортската сала „Расадик“, каде што е направен долгот од 54 илјади евра Арсовска одговори: „ Немам намера на два дена пред завршувањето на овие избори да се објаснувам со луѓе кои бесрамно лажат за да го скријат својот срам“ одговори Арсовска на прашањето.

Слично продолжи Арсовска и на следната прес-конференција, кога новинарите повторно го поставија истото прашања, таа само кажа дека веќе одговорила на ова и одби да ги потврди или демантира тврдењата дека како менаџер на салата „Расадник“ собрала долг за електрична енергија. Во слична насока, но со понервозен тон беа одговорите на Арсовска и за скандалот со нејзиното бугарско државјанство кој го објави СДСМ. Откако од владејачката партија открија дека Арсовска и нејзиното семејство веќе 10 години имаат бугарско државјанство, таа одби директно да демантира. „Тоа што актуелната власт и градоначалникот ми го прават мене ги поминува сите граници на нормалното и не доликува за една демократска земја“ одговори Арсовска запрашана за бугарското државјанство. Сепак, освен за скандалите, Арсовска во текот на кампањата не одговараше ниту на прашања поврзани со нејзината програма за Скопје. Таа никогаш не одговори каде ќе бидат изградени нејзините толку ветувани пет „мега паркови“ во Скопје. „Тие ќе бидат површини кои што… јас имав прилика да разговарам со луѓето кои ќе бидат дел од идната локална власт во општините во градот Скопје и токму на оние места каде што заеднички разговаравме и дискутиравме дека има просторни можности, таму да се направат и да бидат сместени. Меѓутоа и не само на тие локации “, збунето одговори Арсовска на новинарско прашање. Арсовска исто така никогаш не даде одговр ниту на прашањето колку пари ќе чини набавката на новите 250 еко-автобуси кои ги ветува, ниту за тоа дали има финансиска конструкција за оваа набавка. Ова прашање е важно, бидејќи освен набавката на нови еколошки автобуси, таа вети и целосно бесплатен јавен превоз во Скопје, што е неможно да се спроведе.

Сите овие игнорирања на новинарите ја доведоа под сомнеж нејзината квалификација за градоначалник. Таа може да се смета за најпаметна, ама во очите на медиумите и јавноста остана како кандидатка која бега од вистината затоа што одбивањето да одговори на директно поставено прашање е предизвикано или од ароганција или од незнаење, што е штетно за функцијата која сака да ја извршува. Очигледно е дека токму поради немањето на одговори за скандалите, но и за самата нејзина програма, таа освен што ги избегнуваше новинарските прашања, Арсовска одби и да излезе на дуел со нејзниот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов. Со ваквото однесување Арсовска потсети на времето на режимот, кога до пред само 5 години државните функционери одбегнуваа директно соочување и поставување на „незгодни“ прашања. Веројатно свесна дека проектите кои ги ветува не се засновани на сериозни анализи и на реалноста, туку се само список на желби, таа не може да излезе и директно да ги соочи со противкандидатот. И на крајот, многу помалку ќе беше срамно ако таа признаеше дека има бугарско државјанство, отколку да ги лаже граѓаните дека некој.

 

 

Д.Е

 

 

 

Next Post

СДСМ Куманово: Димитриевски да одговори која е целта на лажните профили со имиња на наши членови?

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk