ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Покажавме дека сме подготвени да работиме на добрососедските односи

October 29, 2021 13:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добрите меѓусоседски односи бараат инвестиција од двете страни. Како држава покажавме дека сме подготвени да работиме на добрососедски односи. Очекувам и соседите од Бугарија да го покажат тоа, изјави денеска изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговорајќи на новинарско прашање околу оценката на американскиот заменик државен секретар за европски и евроазиски пршања Габриел Ескобар дека најсилната порака што ЕУ сега можа да ја испрати е да започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарна година.

Шекеринска потсети дека нешто пред повеќе од еден месец тим од Министерството за одбрана беше во Вашингтон и имаше шанса тогаш првпат да разговара со Ескобар.

– Нашите сојузници останаа на зборот и тоа го слушаме веќе неколку пати од тој момент, дека ќе вложат дополнителни напори на регионот да му го донесат она што го очекува и она што е добро за сите, а тоа е продолжување на процесот на европска интеграција. Уште тогаш Ескобар, во разговорот, а потоа и во официјална изјава рече дека стратешки интерес и на САД е овој регион да оди напред. Рецептот за тоа го гледаат во почеток на преговори со ЕУ, за нас и за Албанија. Видовме дека тоа не се само дипломатски, протоколарни зборови со кои ќе не потапкаат по рамо, туку дека навистина тоа е политика која САД ќе ја спроведуваат, рече Шекеринска.

Таа посочи дека тоа го видовме и на дело, во изминатиот месец и додаде дека тоа се и изјави кои ги слушаат и од европски колеги.

– Тоа беше пораката и од Санино, кој повтори дека Северна Македонија го сработила тоа што од неа се очекувало и дека сега треба ЕУ да го сработи својот дел. Никогаш изјавите не се доволни и во позадина се дискутира, се анализираат различни опции, но на крајот ќе зависи и од нас, но најмногу од Бугарија, како две земји кои би требало самите да бидат заинтересирани за тоа регионот да оди напред и билатералните односи да ни напредуваат, а не да ни стагнираат, потенцира Шекеринска на Воениот стадион во Скопје, при промоцијата на новата спортска опрема за Армијата.

Според неа, изјавите во кои се лицитира постојано со некои нови бугарски барања не се од помош и дефинитивно испраќаат погрешна порака во ЕУ и во НАТО. Шекеринска очекува по изборите во Бугарија дел од таа реторика „малку да спласне“.

извор: МИА

Next Post

Шилегов: Ги реконструиравме сите 23 средни училишта во градот со пари од Скопје 2014, тоа е клучната разлика

НАЈНОВО

Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Скриншот

Голем пожар го зафати небодерот на „Вјесник“ во Загреб

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk