ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов: Ги реконструиравме сите 23 средни училишта во градот со пари од Скопје 2014, тоа е клучната разлика

October 29, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес сакам да потсетам на уште една клучна разлика меѓу движењето напред кон прогресот и развојот на Скопје и влечењето назад заради нечии криминални интереси. Оваа година ја започнавме реконструкцијата на објектот на средното училиште Кочо Рацин во скопската општина Ѓорче Петров. За оваа реконструкција инвестиравме 52 милиони денари од Буџетот на Град Скопје.  „Кочо Рацин“ е последното 14-то училиште кое добива нова енергетски ефикасна фасада, а други реконструкции на објектите беа направени во сите 23 средни училишта на Град Скопје, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна својата прес-конференција.

– Исклучително важно е  да се потсетиме: овие реконструкции на фасадите ги започнавме пред 3 и пол години со пренамена средства во висина од 70 милиони денари кои тогаш беа наменети за барокни фасади во центарот на градот како дел од криминалниот проект Скопје 2014. И токму тука е главната разлика на она што го правиме денес и она што некој друг го правеше во минатото. Додека некој правеше фасади од стиропор и споменици од бронза ние реконструираме средни училишта, градиме нови булевари, развиваме велосипедска мрежа, нагласи Шилегов.

– Нашите приоритети ги одредија граѓаните, нивните ги одредува Груевски, кој сега токму заради тоа е во Будимпешта. Денес со гордост можам да кажам дека ја остваривме и оваа цел – сите средни училишта на Град Скопје да имаат енергетски ефикасни фасади и просторни услови за нормално одвивање на образовниот процес, порача Шилегов.

Реконструкција на средни училишта во Скопје

1 of 5
- +

Тоа го направивме и за учениците и за вработените во училиштата. Нашите деца, нашите најсакани, заслужуваат да учат во подобри услови. Нашите наставници, луѓето од оваа исклучително тешка и благородна професија, заслужуваат да работат во подобри услови, потенцираше Шилегов.

– Чистата енергија која води до чиста животна средина е наша важна стратешка заложба која се проткајува низ речи си сите проекти кои ги реализиравме во изминатиот период. Скопје може и мора да биде енергетски–ефикасен град, бидејќи Скопје е град за сите и Скопје е една поинаква приказна, додаде Шилегов.

– Скопје може и мора да продолжи напред со создавањето на квалитетни услови за образование на нашите деца, на нашите најсакани. За да можеме да продолжиме заедно во оваа насока, во недела е потребен вашиот глас.  Ајде да се обединиме за прогресот на Скопје. Секој глас е важен. Секој глас одлучува. Да не дозволиме Скопје да се врати назад и наместо да вложуваме во едукација и образование, да трошат на камен, стиропор и бронза. Вие одлучувате. Скопје мора да продолжи напред. Нашите деца, сите ние го заслужуваме тоа, повика Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Next Post

Данела Арсовска, 20 години успешен менаџер, а сега не e вистински сопственик на ниту една фирма?

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk