„Мора да се реши тунелот под Кале, бидејќи е потреба на нашиот град. Имаме сериозен недостаток од директна комуникација север-југ. Неопходен е да се реализира, но сепак е многу комплексен проект“ кажа кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилетов на МТВ.
Тој кажа дека за овој проект веќе беше распишан тендер и беше избрана фирма која ги започна постапките за проектирање, но не ги запази роковите поради што градот го раскина договорот и ја наплати банкарската гаранција.
„Ова е комплексен проект и мора добро да биде испланиран. Финансиската конструкција за овој проект е 30 до 40 милиони евра и не смее да има импровизации, како што има на автопатот Охрид-Кичево. Осум години се мачиме со тој автопат поради погрешниот почеток. Тоа нема да дозволам да се случи во Скопје“ кажа Шилегов.
Ги добивме битките против загадувањето, знаеме како и војната
„Никогаш не сме кажале дека војната со загадувањето е добиена, но битките една по една ги добиваме. Со сетот мерки што градот ги презеде пополека го решаваме и го намалуваме загадувањето“ кажа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на МТВ.
Тој додаде дека во изминативе четири години се субвенционирани набавки на инвертери со цел замена на греење на дрва, а градот финансираше и чистење на оџаците.
„Ќе продолжиме со милион евра годишно да субвенционираме инвтертери за граѓаните, со цел да го намалиме квантитетот на активни оџаци“ кажа Шилегов.
Тој исто така додаде дека конечно е легализирана топловодната мрежа во Скопје и кажа дека се планира поврзување на трите мрежи кои фунцкионират во моментов.
„Кај ‘Ист гејт’ сме дојдени на 400 метри до спојување на мрежата на БЕГ со ЕЛЕМ Енергетика. Другото спојување е на околу 1000 метри во Скопје Север. На оовј начин ќе можеме да ја дисперзираме енергијата по иста цена во сите делови на градот“ кажа Шилегов.