ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица

October 30, 2021 13:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во РС Македонија ќе се градат три нови луксузни ски – центри по сите светски стандарди и тоа на Јабланица, кај Струга и Вевчани, на Бушова планина, кај Крушево и Македонски Брод и на Караџица, кај Сопиште и Студеничани, информираше денеска на прес – конференција в.д. директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, заедно со Даниеле Костантини, консултант, експерт од Италија.

Целта на овој проект, истакна Павлески, е да го стимулира и да даде силен импулс за развој на домашниот туризам и економија. Идејата е новите туристички центри да се користат од страна на посетителите во текот на целата година и летниот и зимскиот период.

– Прелиминарните процени се дека овој проект би чинел помеѓу 700 и 800 милиони евра, а опфаќа изградба на три нови туристички села, на овие три локации, кои би содржеле вкупно 16 луксузни хотели со четири и пет ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над пет илјади легла, појасни Павлески, нагласувајќи дека особено ќе се води грижа за заштита и унапредување на животната средина.

Додаде дека ќе бидат изградени и жичарници, ски лифтови и над 180 километри алпски скијачки патеки, како и велосипедски и авантуристички патеки.

Павлески, одговарајќи на новинарско прашање потенцира дека ќе се најдат соодветни инвеститори затоа што се работи, како што рече, за огромни инвестиции и изрази уверување дека може брзо да се реализираат со оглед на тоа дека постојат во светот доста заинтересирани инвеститори и фондови, што имаат средства и само треба да им се понуди нешто вистинско. Смета дека би можело за две години од почетокот на реализацијата на проектот да се завршат, но сепак, наведе, тоа би зависело од инвеститорот.


Промовирајќи го овој нов ексклузивен проект, Павлески нагласи дека тоа се локации кои имаат одлични природни предиспозиции и соодветна инфраструктура. Развојот на овој проект, потенцира, ќе ја промовира нашата земја како врвна ски – дестинација со конкурентни цени на скијачкиот пазар, во споредба со регионот и меѓународните конкуренти.

– Доминантната изложеност на исток на ски патеката, присуство на вода и на езера на голема надморска височина, на снежна покривка помеѓу 1200 и 2200 метри во текот на близу 140 денови во годината, како и лесната пристапност до самите локации, како и двата меѓународни аеродроми во непосредна близина се огромна предност и тешко се наоѓаат заедно на едно место во повеќето актуелни туристички места, изјави в.д. директорот на Агенцијата.

Најави дека Агенцијата активно ќе работи на промоција на овие проекти, со цел во најскоро време да можат да бидат реализирани. Во наредните неколку месеци ќе бидат презентирани и на светскиот настан ЕКСПО 2020 во Дубаи, а веќе се остварени прелиминарни контакти, кои набрзо ќе резултираат со директни презентации со потенцијални инвеститори.

Даниеле Костантини, консултантот од Италија во појаснувањето на проектите за изградба на ски центрите посочи дека ќе се оди на принципот на повторно користење на локалните дрвја, намалување на искористување на електричната енергија и рециклирање на природниот отпад. Крушево, тој го именувал во неговиот проект како кралство на снегот.

Тој информира дека вкупната инвестиција за Јабланица би била околу 320 милиони евра. Должината на скијачките патеки е предвидено да биде 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари каде ќе се произведува снег. Предвидено е изградба на 10 хотели, од кои шест би биле со четири ѕвезди, а другите по пет.

За останатите два проекти, за Македонски Брод и Крушево, инвестицијата би била 235 милиони евра, додека за Патишка река инвестиција од 270 милиони евра.

– Изборот беше на овие локации затоа што е битно да се блиску до аеродромите и подразбира дека би се вклучиле и туристичките агенции и хотелските групации за да можат да се донесат туристи од Кина или пак од Блискиот Исток, изјави меѓу другото Костантини./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во општина Гостивар денеска гласаат 123 болни и немоќни лица

НАЈНОВО

ЦИВИЛ во Рим на настан  „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“

September 27, 2025

СДСМ: Нема крај аздисаноста на фамилија Тоневски и ДПМНЕ во Пробиштип, скандал до скандал

September 27, 2025

Тошковски на отворање на спомен биста на полицаецот Тоше Тодоровоски кој трагично ззагина спасувајќи млади во пожарот во дискотеката „Пулс“

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk