Наводи, снимки и приведувања за поткуп во очи втор изборен круг. Вие решавате, дали утре ќе сукате јуфки за папата или ќе гласате за себе, пишува Бранко Тричковски. Од ДИК не очекуваат проблеми со гласањето со отпечаток од прст. Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица..
ФРОНТ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Јуфки… Македонија е автобус што излетува на првата кривина викана курац. Со големо К. Вие решавате, дали утре ќе сукате јуфки за папата или ќе гласате за себе, пишува Бранко Тричковски.
Скица на една агонија. Еве една скица на агонијата во која ќе влеземе ако веќе утре не го сопреме подемот на нацифашистите, чипираните идиоти, лудаците и другите експонати и експоненти на болниот дел од општеството, пишува Тричковски.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ / ПОТКУП
Приведени две лица за давање поткуп за гласови во Скопје. Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.
Снимка од поткуп на гласачи во Ѓорче Петров. Роми, жители на Ѓорче Петров оставаат лични карти на еден ден пред вториот изборен круг. Неофицијално, станувало збор за поткуп, непосредно пред изборниот ден, за време на изборниот молк. Ова се случувало во двор на куќа, каде дестици Роми биле повикани да ги донесат личните карти.
ОЈО Делчево проверува наводи за изборен поткуп. Како што соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Јавен обвинител дал насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци.
Натепан и испрскан со спреј малолетник додека лепел плакати од политичка партија. Од Министерството за внатрешни работи велат дека денеска (на 30.10.2021) во 01,20 часот М.Т.(44) од с. Василево пријавил дека на 29.10.2021 околу 23,30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на домот на културата во с. Василево, дошол К.Ц.(18) и почнал да лепи плакати врз плакатите од друга политичка партија.
Од ДИК не очекуваат проблеми со гласањето со отпечаток од прст, имало дополнителни обуки. Во првиот круг од изборите, проблеми со уредите за биометриска идентификација имаше во голем дел од гласачките места, па граѓаните гласаа со оставање отпечаток од прст на хартиениот избирачки список.
Во општина Гостивар денеска гласаат 123 болни и немоќни лица. Канцелариите на Народниот правобранител отворени в недела за пријавување на повреда на избирачко право.
ЕКОНОМИЈА
Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица. Целта на овој проект, истакна в.д. директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, е да го стимулира и да даде силен импулс за развој на домашниот туризам и економија. Идејата е новите туристички центри да се користат од страна на посетителите во текот на целата година и летниот и зимскиот период.
Нашиот јавен долг оди надолу, иако на светско ниво долгот се зголемува. Јавниот долг е намален за 3,8 отсто во однос на вториот квартал од 2021 година, кога изнесуваше 63,1 отсто. Со тоа се потврдува дека економијата во Северна Македонија е поставена на здрава фискална политика и добро управување со јавните финансии. Намалувањето на долгот се должи пред се на исплатата на Еврообврзницата издадена во 2014 година, во износ од 500 милиони евра.
И. Т. З.