Точно во 7 часот утрово, почна гласањето за градоначалник на општина Гевгелија на сите 36 избирачки места на кои право на глас имаат вкупно 19.076 граѓани, изјави Митко Ризов, претседател на ОИК Гевгелија.
– Достоинствено почна гласачкиот процес и очекуваме така и да заврши. За разлика од првиот круг, утрово немаме застој поради користењето на фингер принтовите на избирачките места што дава надеж дека денеска се ќе функционира како што треба и дека гласањето ќе се спроведе во фер и демократска атмосфера, оценува Ризов.
Во текот на вчерашниот ден правото на глас го искористиле 224 стари и изнемоштени лица, 11 болни од Ковид-19 и 16 затвореници. /МИА/.