На ИМ 2509/1, во ОУ „26 Мај“, Гази Баба, гласањето започна со тоа што една кутија не беше врзана. По реакцијата на набљудувачката на ЦИВИЛ беше корегериано и ја врзаа кутијата.
Во истото училиште на 11 избирачки места има само по 1 параван, а на два избирачки места гласањето започна со импровизирани паравани. Избирачките одбори направиле параван за гласање со тоа што врз една училишна клупа ставија наопаку друга друга училишна клупа и од хамери и картони направиле заштитен параван за да може граѓаните да гласаат.
Се чекаат паравани од ОИК и ДИК.