За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи.
Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251.
Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак-Сонце, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението Млади европски федералисти – ЏЕФ.
Меѓу странските најмногу се од Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и од американската Амбасада, а изборите ќе ги следат и набљудувачи од ИФЕС, британската Амбасада, амбасадите на Франција, на Унгарија, на Албанија, на Русија, Холандија, Италија, Чешка, Хрватска, Косово, Грција, Бугарија, Шпанија, Летонија и Австрија, како и од Централната изборна комисија на БиХ.
Акредитирани се и 10 странски новинари./МИА/.