ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Грета Тунберг со апел до медиумите и граѓаните: Човештвото не успева да ја сопре климатската криза

November 1, 2021 16:57
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Младинските активисти предводени од Грета Тунберг преку Avaaz.org испратија апел до граѓаните ширум светот пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) во Глазгов. Човештвото не успева да ја сопре климатската криза, е критиката од Грета, која ја упати до владите ширум светот заедно со Ванеса Накате од Уганда, Доминика Ласота од Полска и Мици Тан од Филипините, како претставници на младите климатски активисти, пренесува Мета.мк.

Апелот до граѓаните од целиот свет да ги поддржат во нивните барања досега вроди со плод над 630.000 лица да се потпишат на онлајн петицијата, која тие ја основаа. Со петицијата се бара уште веднаш да се исполни ветувањето за ограничување на глобалното затоплување до 1,5 степени, да се стави крај на инвестициите во фосилни горива, да се запре „креативното“ броење на емисиите на стакленички гасови, да им се испорачаат 100 милијарди долари на најсиромашните земји за климатска акција и да се воведе климатска политика што ќе ги заштити најсиромашните граѓани и работниците.

Покрај онлајн петицијата, Грета Тунберг и Ванеса Накате како младински климатски активисти упатија и писмо до медиумите ширум светот. Во обраќањето до медиумските уредници, Тунберг и Накате бараат вистински да се покрие климатската криза, вклучувајќи ги фундаменталните прашања за времето, холистичкото размислување и правдата.

„Ако вашите приказни не го вклучуваат поимот за отчукување на часовникот, тогаш климатската криза е само политичка тема помеѓу другите теми, нешто што може само да го купиме, изградиме или инвестираме од него“, пишуваат Тунберг и Накате до медиумите.

Во однос на холистичкото размислување, младинските активистки бараат да се објават целосните бројки во медиумите со сите емисии на стакленички гасови од човештвото, а не нецелосни статистички податоци.

Во однос на правдата, Грета и Ванеса им забележуваат на медиумите дека во нивното известување се дава фокус на поплавите во Европа, пожарите во Калифорнија, додека страдањата од климатските промени во јужните делови на Земјината топка се недоволно медиумски покриени, иако глобалниот Југ е на самата борбена линија на климатската криза.

„Еден од суштинските елементи на функционалната демократија се слободните медиуми кои објективно ги информираат граѓаните за големите предизвици со кои се соочува нашето општество. А медиумите мора да ги повикаат луѓето кои се моќни и одговорни за нивните постапки или непреземање активности. Вие сте меѓу нашите последни надежи“, им пишуваат Грета и Ванеса на медиумите ширум светот.

Инаку, денеска во Глазгов започна Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), од која се очекува историски договор во однос на идното справување со глобалното затоплување во светот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk