ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФАЦ: Поразот и оставката на Заев е и пораз на ЕУ

November 2, 2021 14:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога Зоран Заев ја презема власта во 2017, Македонија беше безбедносно-политички изолирана земја. Од 2020 година, Северна Македонија е членка на НАТО. Тоа е накусо сублиматот на владеењето на Заев кој го прави Франкфуртер алгемајне цајтунг, по најавената оставка на премиерот, пренесе Дојче веле.

Притоа, весникот упатува на еден важен аспект:

„Клучно за мандатот на Заев не беше само тоа што му успеа, туку многу повеќе, тоа што му беше ускратено“. На Заев му успеа да постигне компромис со Грција и да го смени името во Северна Македонија „со еден храбар и одважен внатрешно-политички маневар“.
„Но неговата храброст не беше наградена, или во најмала рака само со утешната награда за членство во НАТО. Неговата главна политичка цел, почетокот на преговорите со ЕУ, Заев ја пропушти. Тоа не беше негова вина, напротив. Случајот на Заев е школски пример за регионот. Веројатно премиерот на Северна Македонија во заминување ќе биде последниот премиер во регионот кој беше подготвен, за ткн. европска перспектива на неговата земја, да презема огромни политички ризици врз себе.

Пораз на ЕУ  

Затоа, поразот на Заев може да важи и за пораз на ЕУ и на нејзината досегашна политика на проширување на Балканот“.

Поразот на Заев може да важи и за пораз на ЕУ и на нејзината досегашна политика на проширување на Балканот, пишува ФАЦ

Поразот на СДСМ на локалните избори, како и фактот дека ДУИ го загуби Тетово, заокружено со оставката на Заев, остава малку шанси дека актуелната влада ќе издржи до редовниот термин за парламентарни избори во 2024 година, пишува понатаму ФАЦ, и потсетува на тенкото мнозинство од 62 пратеници во парламентот на „хетерогената коалиција”.

„Тоа може да ја врати на власт националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Доколку дојде дотаму, тоа ќе значи крај на една политичка епизода на Балканот, која има големо значење и за прашањето за тоа каква улога игра ЕУ во регионот и на кој начин може да ги наметне своите интереси наспроти актери како Русија или Кина.”

„Заев фрли се на европската карта. Тоа што неговата партија на локалните избори доживеа тежок пораз има врска и со лошото локално раководење- соговорник од Скопје зборува за ‘комбинација на неспособност и ароганција’.  Но поразот не може да се гледа само низ призмата на лошата локална политика. Тој е дел од еден поширок развој. Доколку ЕУ ги исполнеше ветувањата кон Заев, и Северна Македонија ги започнеше преговорите за членство, атмосферата во земјата веројатно ќе беше поинаква.”

„Поради тоа што по грчкото вето против Македонија, следуваше бугарското вето против Северна Македонија, а ЕУ и земјите-членки не успеаја да ја одвратат Софија од нејзината деструктивна политика, преговорите никогаш не започнаа“.

„Одеднаш почна да изгледа дека националистичката опозициска ВМРО ги има подобрите аргументи. Нејзините политичари говореа за измама при промената на името:  Македонија се откажа од важен дел од нејзиниот идентитет, а на крајот не може да преговара ни за членство во ЕУ.”

Според ФАЦ, Никола Димитров би можел да го преземе раководењето со владата.

„(…) Во секој случај, секој иден премиер во Скопје добро ќе размисли дали се исплати да се почитуваат барањата и реформските очекувања на ЕУ, кога ветувањата за членство се шупливи.”

Никола Димитров- технички премиер? 

Во однос на идниот развој на ситуацијата во земјата, ФАЦ проценува дека се можни три сценарија: актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер; да се формира техничка влада која на одреден период би ја предводела земјата. За втората варијанта, весникот пишува дека кандидат за премиер е поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Третата варијанта се предвремени избори, кои според ФАЦ, ги турка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Во која насока ќе се развива Северна Македонија предводена од Мицкоски, не е јасно. Формално, ВМРО не ја отфрла целта за членство во ЕУ. Но, во годините на владеењето на Груевски земјата систематски се оддалечуваше од ЕУ. ВМРО не ја признава ниту промената на името, а нејзините политичари и натаму земјата ја нарекуваат Македонија. Тоа може одново да предизвика проблеми во односите со Грција.

Сигурно е само тоа дека обидот на Зоран Заев, да ја усогласи целата политика со ЕУ во надеж дека ќе добие барем почеток на преговори, не успеа. А со сигурност никој на потегот меѓу Белград и Тирана во иднина нема да го следи“, заклучува ФАЦ.

Извор: Дојче веле

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Стево Пендаровски со американскиот претседател Џо Бајден. Фото: американска амбасада во Скопје

Пендаровски се сретна со Бајден на самитот „COP 26“ во Глазгов

НАЈНОВО

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран за нуклеарната програма повторно под санкции на ОН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk