БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
И постизборните анализи на „нели ви реков“ експертите никогаш не ја содржеле критиката како основа за сугерирање кон владините политики. Напротив. Тие секогаш биле полни со антагонизам, нетрпеливост, омраза, и неприроден гнев, па цинизмот им блескаше како единствен меч со кој се појавуваат во јавноста како „луцидни“ експерти сечејќи магла.
Поразот на локалниве избори ги исфрли на површина сите, па дури и оние кои со своите писанија покажуваа извесна колебливост и несигурност, демек, се обидуваа да се нишаат на коклица со две ногарки. Ни ваму ни таму експерти. Сега се разочарани од фактот дека владата продолжува со доверениот мандат, дека коалиционите партнери не ја прифаќаат идејата за поредвремени парламенатрни избори, а и оставката на Заев не е добредојдена, дека поразот на СДСМ на локалните избори нема да можат да го претворат во победа на ДПМНЕ на парламентарни избори, а во понудената оставка на Заев гледаат како на уште една голема манипулација и лага од веќе прогласениот најголем „лажго“. Хе. Па ако веќе сте го прогласиле за „трчи лажи“, тогаш која би му била грешката ако го направи истото и со оставката. Ха, ха, хааа…
Како и да е, со или без Заев како премиер, со или без Заев како претседател на СДСМ, битно е дека коалицијата на мнозинството е едногласна во констатацијата дека владата мора да продолжи со работа. Имаат повеќе аргументи на кои се повикуваат, а најсилниот е оној кој се најавува од ЕУ, дека Република Северна Македонија, конечно ќе го добие тој фамозен датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, дека Бугарија ќе го тргне ветото. Иако сме сведоци на многу вакви добиени „датуми“, за да овој пат бидеме наивни и им поверуваме на идните партнери, кои, за наша жал, во многу помогнаа да се случи и овој резултат на локалниве избори, сепак, надежта последна умира. Всушност таа никогаш не умира. И уште нешто. Од муабетот со чичко Киро од Чаир ќе ви пренесам уште една придобивка од локалниве избори.
Чичко Киро вика вака:
– Си седам, си мислам и си викам: Па добро бе мајку му, од поразов на локалниве избори, државава може да рече дека извлекла и нешто корисно. Прво, нагло се зголеми бројот на „Северџани“, и тоа, од најтврдото семакедонско патриотско крило. И нема везе што низ ваздухов се шират со смрдеа како престасан кисел купус у мај. Поише шират смрдеа на јак пувеж, него на цврста прдоина од патриотски граФ. Ама, и такви никакви, млитави и омалаксани зелкини лисја пред распаѓање, у кои не можеш ни сарма да завиткаш поштено, еден по еден си признаваат дека доаѓаат у друштвото на мнозинството „Северџани“. Ги заболе патка за „Цела да е“, „Вечна да е“, „Сао рома дае“, „За Конгрес у Солун“, “за патриотскиот коњ на кој јаваше Пандов со нагантот и камата у појас и со мочка ја обележуеше територијата на новите „Северџани“ од Скопје до Крушево. Мислам, да се разбереме, тоа сФе мора да влезе у најновите анални отвори на антисеверџаните као високо самопризнание на покајување у интерес на Република Северна Македонија…
И уште ова, вика чичко Киро:
– Види Боки, оној твојот познаник поранешен директор на Драмски, со кои нунчакија, мајагерија, јокогерија и мавашија, сеа, ќе мава по љубимецот му Стефче, затоа што овој у кибадачи став се наби на курот на Северна? До балчак. И да се разбереме, све се овие големи придобивки за државата од поразот на локалниве избори. Така да пишеш, и закључи чичко Киро: Душички. За дупе на фотеља, и кур у г’с ќе стаат, и северџани ќе станат. Ебати патриотите…
Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.