Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави нов и подмладен тим во партијата, кој ќе работи на нова иднина, но сепак во текот на кампањата за локалните избори се опкружи со лица кои му беа верни на Никола Груевски.
Мицкоски уште пред изборите најави дека неговиот тим ќе има нови луѓе кои се млади, со нова визија, нова енергија и луѓе кои сакаат да победат и да им покажат на граѓаните да им покажат дека може поинаку. Сепак во телевизиските дебати и покрај него во кампањата беа луѓе како Влатко Ѓорчев, Владимир Мисајловски, Трајко Славески и Александар Николоски.
Овие кадри се дел од тимот со кој Никола Груевски единаесет години работеше на угнетување на земјата. Токму со овие кадри, Груевски го воспостави, го развиваше и го одржуваше режимот до 2016 година.
Какви нови визии, нови идеи и нова иднина можат да донесат и покажат кадрите кои му служеа на Груевски. Со изборот на овие луѓе за свои најблиски соработници Мицкоски уште еднаш потврди дека е марионета на Груевски кој само ги извршува неговите наредби.
Д. Е.