Како радикалната опозиција дојде до изборна победа, користејќи црни пари во кампањата, но и бројните слабости на институциите и власта? Ќе ги збратими ли Данела Арсовска Скопје и Петрич, прочитајте во најновата сатира на РИБАРО. Од наредната година Србија, Северна Македонија и Албанија со единствена работна дозвола. Бучковски вели, Црвенковски му нанесе штета на Заев пред кампањата, а твдри дека истото му го направил и мену во 2016 година.
ФРОНТ, РЕНДГЕН И АХА
Колку време ѝ треба на пораката да допатува од задникот до главата? Историски, секогаш кога на власт била констелација со повисок демократски капацитет – каква што е онаа што деновиве ќе ја напушти Заев (веќе го слушам хорот од несогласувања, но споредбите не се со Финска и Германија и нивните партии во опозиција и на власт, туку со нашите, домашни политички искуства) – во владината коалиција се води жестока, а и јавна борба меѓу самите коалициони партнери, поинтензивно отколку што тоа го гарантира „здравјето“ на самата влада. Како тоа ќе го менаџира следниот мандатар?, пишува Сашо Орданоски.
Црните пари во македонскиот политички циркус… Десантот за уривање на Зоран Заев успеа, на ред е владата. Како радикалната опозиција дојде до изборна победа, користејќи црни пари во кампањата, но и бројните слабости на институциите и власта? – пишува Џабир Дерала.
Данела ќе ги збратимува Скопје и Петрич. Ќути, ќе склопиме нешто набрзинка. Замисли ако го побараше планот за како ќе го направиме јавниот превоз бесплатен за сите граѓани, како ќе се заебевме? А можно и ќе го загрозевме збратимувањето, хахахаха.“ – коментирале од кабинетот на Арсовска, прочитајте во АХА на РИБАРО.
Обновлив извор на енергија.
ПОЛИТИКА И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
АФП: Оставката на Заев носи нова неизвесност на балканската политичка сцена. Во текстот се потсетува дека Заев беше избран за премиер во 2017 година, по „10-годишното владеење на десницата предводена од Никола Груевски, чија Влада беше потресена од огромниот скандал со прислушување, што го разоткри самиот Заев“.
Бучковски: Црвенковски има амбиции, го повреди Заев на почетокот на кампањата, а и јас се соочив со неговата суета. Бучковски, меѓу другото, изјави дека луѓе блиски до Црвенковски работеле на кампањата Максим Димитриевски да добие втор мандат за градоначалник на Куманово.
Бучковски: По заминувањето на Заев, групацијата на Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ. Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ, рече Бучковски на Клик плус.
Најчевска: Ништовна е заклетвата во која се спомнува Република Македонија наместо уставното име. Тоа значи дека заклетвата која ја дале советниците во локалната самоуправа а во која се спомнува Република Македонија наместо уставното име е ништовна и тие не ја завршиле процедурата со која стануваат советници. А може да се гонат и за кривоклетство бидејќи во заклетвата се колнат дека ќе го почитуваат Уставот.“, напиша Најчевска.
Пораката на народот. Веќе неколку изборни циклуси наназад, од СДСМ слушаме дека ја „примиле пораката на народот“. Но, резултатите од циклус во циклус покажуваат дека „народот“ се’ уште се чувствува неразбран и гласа (односно, не гласа) согласно тоа. Ајде да видиме која е всушност пораката од народот, пишува Павле Богоевски.
Димитров во Белград на „Отворен Балкан“, фокусот на дигиталната трансформација за регионална интеграција. Доаѓам во момент, додаде Димитров, кога како што знаете, во нашата Македонија, во Северна Македонија завршија локални избори, има извесни политички предизвици, а и политичка криза на некој начин. Важно е да дадеме сигнал дека како Влада, како држава, сме целосно посветени на оваа иницијатива што се роди на Балканот и чија што цел првенствено е европски Балкан, истакна Димитров.
Бектеши: Ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, не се предвидени рестриктивни мерки. Ве уверувам дека Владата има средства за да интервенира и во зависност од потребите на енергетските компании, толку средства ќе се пренесат директно од буџетот, потенцираше министерот Бектеши во своето гостување во Алсат M телевизија.
Затворен повикот за понуди на јаглен, пријавени 9 компании, две се од земјава. Во рамките на рокот девет компании изразиле подготвеност да испорачаат 900 илјади тони јаглен. Две од нив се од земјава, а останатите се компании од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција, изјави за Утрински брифинг Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.
Чадеж: Од наредната година Србија, Северна Македонија и Албанија со единствена работна дозвола. Ќе има компании од секторите земјоделство, метална индустрија, електроника, информатика, градежна индустрија. Самите велат, ова ни е потреба. Оние со кои разговараме денеска вработуваат 50.000 луѓе и се заинтересирани да продолжат понатаму. Сфатија дека оваа иницијатива навистина има смисла, истакна Чадеж.
И. Т. З.