Нов ден и нова лага на Иван Јорданов. Нема доволно силна лага и дезинформација на Јорданов која ќе ја убеди штипската јавност за проектите кои СДСМ ги започна и реализира, а на новиот градоначалник му остана само да се слика на нив да држи прес конференции, реафираат од СДСМ Штип.
„Реконструкцијата на канализациската и водоводна мрежа на улицата Панче Караѓозов, а потоа и нејзино комплетно асфалтирање се одвиваа етапно, за да може деловите кои што ќе се завршуваат да се користат за сообраќај.
Проектот за реконструкцијата на улицата Панче Караѓозов е финансирана од Министерството за транспорт и врски и е дел од проект за локални патишта.
Сумата изнесува 10 милиони денари, средства обезбедени од Буџет на Министерството.
Траги-комична е оваа фотосесија на Јорданов на проекти финансирани од Владата предводена од СДСМ.
За да биде појасно на граѓаните, Иван Јорданов ништо нема координирано. Проектот го води посебна проектна единица во Транспорт и врски и ќе биде завршен согласно сите градежно- технички процедури.
Ја известуваме јавноста дека наскоро започнува со реализација реконструкцијата на ул. Сремски фронт и Борис Крајгер и нема да не’ чуди ако Јорданов има настап со пропратна фотосесија на истоимената улица“, реагираат од СДСМ.