ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Каде оди овој брод?

После сите првични возбудувања и шокови од оставките на Зоран Заев, курсот на процесот за владината консолидација сѐ појасно се наѕира. Името на „пилотот во авионот“ ќе треба да се знае до средината на идната недела

November 5, 2021 08:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Не е претерано да се каже дека оставката на Заев не ја потресе, па и шокираше, само македонската, домашна јавност – дури и овдешната опозиција се најде затечена, покрај тоа што таа е традиционално „увреѓена и изненаѓена“ – туку нејзините одеци во регионот, па и во Европската Унија, се значителни.

Од интензитетот на неделниве активности и средби во Владата, што малку наликуваа и на македонска битова драма, до викендов е за очекување таму да финишира процесот на меѓупартиско консолидирање по оставката на Заев. Би било во рамките на политичката пристојност во текот на идната недела демисијата да се поднесе и во Собранието, па „дебатата“ за името на новиот/та мандатар/ка да се пресели во СДСМ. Во тајмингот на собраниските рокови за изгласување нова влада, владејачката партија треба, во наредните десетина дена, да излезе со јасна понуда за името на премиерскиот наследник на Заев.

Во самиот СДСМ ќе треба да решат дали новиот мандатар ќе биде и тој/таа што ќе ја предводи и партијата по Заев, но тоа за македонската јавност е помалку битно, бидејќи комплексноста на нивните партиски кујни, дворски игри и фракциски конфронтации никогаш не треба да се потцени, особено кога лидерот, по своја волја, заминува на долгорочно „мешање ајвар“. Дали изборот на наследникот ќе се одвива на плебисцитарен партиски конгрес на кој ќе гласа целото нивно членство – уште едно нешто по што ќе остане Заев запаметен во македонската (партиска) историја – ќе треба да се види, иако тоа им стои во Статутот. А и тоа дали таа евентуална внатрепартиска изборна трка ќе се води помеѓу повеќе кандидати. Од кои едниот, на пример, би бил Чак Норис, како контра-тежа на Б.Ц.

Како и да е, јасно е дека Заев нема да биде на извршното чело на државата кон средината на декември, кога Софија ќе одлучува „какво става“ со прашањето за продолжувањето на македонската интеграција во ЕУ. Колку што успевам да следам, во бугарската јавност (повремено со триумфализам – што би рекол, во сличен самозадоволен контекст, еден легендарен балкански лузер каков што е Шешељ: „Така завршуваат слугите на Западот!“) е јасен впечатокот дека тие одиграа една од поважните улоги во падот на Заев. Истиот впечаток се споделува и во Брисел, иако е за очекување и ова лицемерие европејците брзо да го „преболат“.

Но, меѓународниот притисок врз Бугарија не е намален. Сигналите од македонската опозиција за намерата, во догледен рок, да ги поништат договорите со Грција и Бугарија се практично и политички јасно испратени, поддржани од голем број македонски гласачи на локалните избори. Климата за затегнување на односите со соседите од „груевистички тип“ – многу проевропско и прозападно блаблабла, со практична изолација на земјата од западната меѓународна заедница (минус источно-западниот Орбан) – овде е веќе растечка. На оние кои се грижат за регионалните безбедносно-политички аспекти, со ескалирањето на нестабилноста во БиХ, на Косово, а до некаде и во Црна Гора, сега им е појасно значењето на претходните предупредувања дека Бугарија „мора да испорача“.

Што е право, во изминатите неколку недели, па и месеци, Софија веќе ја „подотвори“ вратата за компромис, со стивнување на разните небулозни барања и сведувањето на тоа Бугарите да се спомнат во Преамбулата на македонскиот Устав. Менувањето на кој било устав е деликатен и подолготраен процес. На потег е македонската опозиција од која јасно се очекува да каже дека нема против започнување на тој процес. Тоа ќе биде тестот и за професорот Мицкоски во претстојната „мејк-ап“, вонредна испитна политичка сесија, за да се види дали нешто „прочитал“ и поднаучил по предметот Меѓународни односи, кога веќе падна на испитот за создавање ново мнозинство во Собранието. Којзнае какви се инструкциите од Пешта…

Патем, треба да се нотира извинувањето на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за непристојното куку-леле со која ја прослави својата градоначалничка победа. Маркиците не трпат дефокусирачки шансониерски активности.

Политиката не стои. Дури и кога е падната на колена.


Преземено од ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

July 11, 2025

СДСМ го осудува нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

July 11, 2025

Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk