Во рамките на #COP26, министерот Нуредини оствари средба и со Рафаел Мариано Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.
На средбата разговараа за перспективите на нуклеарната енергија, особено за новите технологии како што се малите модуларни реактори #SMR и улогата на нуклеарните технологии во климатската адаптација #Atoms4Climate.
Најавена е повторна средба во Меѓународната агенција за атомска енергија за продлабочување на соработката со Република Северна Македонија, особено во делот на нуклеарната медицина.