ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Реализирани најголем дел од мерките од Планот за борба против корупција, се подготвува дополнување на Планот

November 9, 2021 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Мерките од Планот за борба против корупција се реализираат според предвидената динамика и институциите постапуваат според задолженијата во зададените рокови, порача вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната владина седница на којашто беше презентиран степенот на реализација на Планот за борба против корупција.

Откако е усвоен Планот, односно за осум месеци, реализирани се најголем дел од мерките. Во однос на мерката „Екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство на РСМ и истражните центри во склоп на основните јавни обвинителства“, се подготви анализа за просторните услови, човечките ресурси и неопходните средства за работа на ЈОРСМ. Согласно анализата со усвојување на Предлог-буџетот за 2022 година заради зајакнување на јавните обвинителства предвидени се нови вработувања на стручни јавнообвинителски службеници. Буџетот на ЈОРСМ без категорија плати следната година ќе биде повисок за 20,7 отсто. Формираната работната група активно работи на усогласување на сите потребни закони за спроведување на процесот на дигитализација, со цел во јули следната гледна комплетно да започне процесот, стои во соопштението од Кабинетот на Николовски.

Оттаму додаваат дека шестте закони на МВР се веќе усогласени и усвоени од Владата. Тоа се Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство на РСМ, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државијаните на РСМ и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

Се финализира постапката за воспоставување на проектот Е-инспектор. Веќе се обезбедни преносни компјутери за трите клучни инспекторати, односно вкупно 400 преносни компјутери за Инспекцискиот совет, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат. Овој проект е значен за елеиминирање на човечкиот фактор при инспекциските надзори и контроли и намалување на ризикот од корупција. Започна со работа Системот за следење на предмети и претставки, со цел да поттикнат институциите да работат во служба на граѓаните, а граѓаните да пријавуваат непостапувања по предмети. Од 23-ти септември до 8-ми ноември се пристигнати вкупно 51 тикети/проблеми од кои 46 се доделени на институции за постапување и  5 се доделени на порталот (нераспределени). Од вкупниот број на проблеми решени се 40 или изразено во проценти 78 отсто, се наведува во соопштението.

Николовски на владината седница образложи дека од страна на МВР е подготвена Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план, истата е усвоена од Владата, а формираната Национална комисија за мониторинг врз имплементирање на Акцискиот план, веќе работи на активностите за спроведување на Стратегијата. Во соработка со Советот на Европа, подготвена е драфт верзијата на Законот за потекло на имот, и текстот е испратен на меѓународни експерти. Владата ги усвои измените на Законите за јавни претпријатија и установи, со кои се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, начинот на нивниот избор и надоместокот. Се работи и на изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, при што во рамки на Министерството за правда формирана е работна група која работи на предлог закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Донесени се и веќе се применуваат одлуките за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Институциите подготвуваат и ги објавуваат интерните процедури за јавни набавки, годишни антикорупциски програми, и назначуваат лица за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување.

Вицепремиерот Николовски на владината седница потенцираше дека веќе се работи на дополнување на Планот за борба против корупција, за што повторно преку јавен повик ќе биде консултиран невладниот сектор преку свои предлози./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски најави монтажен паркинг и инфраструктурни проекти во Сарај и Матка

October 4, 2025

(ВИДЕО) Руски напад со дрон врз патнички воз во Украина – најмалку 30 цивили повредени

October 4, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски граѓанин најверојатно е загинатиот во експлозија во стан во Белград, објавија српски медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk