ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК со јавен повик до средношколците за креативни решенија на тема заштита на укажувачите

November 10, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) распиша јавен повик за изработка на цртежи, на кој може да учествуваат сите средношколци, особено оние од средните уметнички училишта.

Повикот е дел од кампањата за заштита на укажувачите на ДКСК во рамки на ИПА II Проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација на Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија.

Целта на овој повик е да се поттикнат младите да ги искажат своите погледи на оваа тема, преку изработка на визуелни пораки, графики и кратки стрип приказни.

Преку јавниот повик ДКСК има цел на креативен начин да придонесе за разбирање, прифаќање и поддршка на заштитеното укажување, а воедно и да придонесе за поголемо почитување на чесноста и искреноста, како највисоки продобивки во нашето општество.

На тој начин, се наведува во денешното соопштение од ДКСК, и младата популација ќе се вклучи во процесот на информирање и едукација на јавноста за укажувачите, како модел во општеството, како и за важноста на нивната заштита.

Заштитата на укажувачите во општеството е основа за поголем интегритет на институциите и јакнење на основните демократски вредности. Укажувачите се симбол на одбраната на јавниот, наспроти личниот интерес и имаат многу важна улога во борбата против корупцијата и судирот на интересите.

За да се создадат услови за нивна поголема заштита, неопходна е поголема едукација и информираност на целокупната јавност за заштитеното пријавување на корупција и судир на интереси.

– Укажувачите се многу значаен сегмент во демократските општества, бидејќи се работи за луѓе кои не се двоумат својот комодитет и можносите за напредок во кариерата да ги нарушат заради општото добро. Затоа е важна што поголема едукација на населението за укажувачите и тоа почнувајќи од младите, па сѐ до повозрасните генерации. За заштита на укажувачите е донесен Закон, но најважно во овој процес е информираноста за овие механизми за заштита, бидејќи само така ќе поттикнеме и во иднина овој модел да функцинира без да се загрозат овие лица. Овој процес мора да ги вклучи сите и ни претставува огромно задоволство што преку овој јавен повик ќе ги вклучиме и младите, бидејќи кај нив се свежите и смели идеи, истакнува Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Наградите за најдобрите визуелни пораки ќе бидат доделени на 9 декември 2021 година, на Меѓународниот ден посветен на борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Сите заинтересирани средношколци можат да ги испратат своите креации на следниот линк: www.transparentnaumetnost.mk. Најдобрите дела ќе добијат сертификат и стручна литература од областа на графичкото цртање.

извор: МИА

Next Post

Маркуш: Задоцнети се преговорите со Северна Македонија и Албанија, се надевам на вистинска одлука до крајот на декември

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk