ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Предложените измени на менито во градинките се клучни за правилен детски развој

November 10, 2021 13:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика одржа работен состанок. На состанокот кој го отвори министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се дискутираше за предложените измени на менито на детските градинки.

Членовите на работната група, констираа дека е важно оброците да имаат енергетска и нутритивна вредност соодветна на возраста и потребите на децата. Во таа насока повикувајќи се на направените анализи на храната и нејзините нутритивни вредности   тие сметаат дека промените во исхраната во детските градинки се неопходни.

Работната група препорачува зголемен внес на свежо овошје и зеленчук, но и конзервираната храна да биде заменета со замрзната. Од употреба да бидат исфрлени и конзервираните преработки од месо и синтетички паштети. Исто така во исхраната на децата да бидат отстранети и додадените вештачки засладувачи, кечапот и мајонезот, а наместо маргарин во исхраната да биде вметната употребата на путерот и на ладно цедено масло.

Министерката Шахпаска посочи дека исхраната на децата игра клучна улога во нивното здравје

„Разноликоста на храната и внесот на здрави оброци кај децата во предучилишно образование е клучна за нивниот правилен детски развој, затоа што преку неа тие ја добиваат енергијата која им е потребна за учење и игра, карактеристична за нивната возраст. Оттука произлегува и иницијативата на Министертвото за целосно ревидирање на Правилникот за исхрана на децата во градинките“, рече министерката Шахпаска.

За поголема грижа и превенција на здравјето на децата додека престојуваат во градинките но и дома, Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките предвидува и едукација на децата, родителите и вработените во градинките.

За да се стигне до целта за здраво мени во детските градинки Работната група ќе продолжи со својата работа до финилизирање на промените кои ќе бидат направени и подготовка на нов Правилник за исхрана во градинките.

 

 

Next Post

(ВИДЕО) Оштетен автомобилот на Јанчева претседателка на ОО СДСМ Аеродром, се вратија режимските методи

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk