ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заменик министерот за одбрана Хасани, на состанок на иницијативата САД-Јадранска Повелба

November 10, 2021 18:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменик министерот за одбрана Башким Хасани, заедно со министри и шефови на делегации од земјите членки на иницијативата САД-Јадранската Повелба (А-5), Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Соединетите Американски Држави и делегации од земјите набљудувачи: Косово, Словенија и Србија, учествува на редовниот состанок на А-5 иницијативата која се одржува во Сплит, Република Хрватска.

На состанокот, како што соопшти Министерството за одбрана, заменик министерот Хасани истакна дека е потребно да се продолжи по патот на регионалната соработка, како начин за меѓународна безбедност и стабилност. Тој додаде дека активностите во рамките на иницијативата како што се  заедничките вежби и обуки, изградбата на заеднички механизми и алатки за спречување и справување со безбедносни предизвици и закани како што се, сајбер нападите, хибридното војување, справувањето со дезинформации и климатски промени ќе придонесат во градењето на отпорност во нашите општества.

Хасани нагласи дека оваа иницијатива претставува одличен инструмент за успешни евроатлантски интеграции, а нашето членство во НАТО и соработката со партнерите од регионот дополнително придонесе за зајакнување на одбранбените капацитети на нашите општества. Тој потенцираше дека Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати за сите земји аспиранти кои споделуваат евроатлантските вредности и ја потврди поддршката на Северна Македонија за евроатланските аспирации на Косово.

На маргините на состанокот заменик министерот Хасани оствари билатерална средба со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај.

За време на состанокот се дискутираше за тековните безбедносни предизвици како поттик за унапредување на одбранбената соработка, понатамошната меѓусебна соработка во пост COVID-19 пандемијата и справување со хибридните закани и се разговараше за можностите за идно заедничко учество во меѓународни мисии и операции предводени од НАТО, промоција на политиката на отворени врати, како и за иднината на eвроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Иницијативата САД-Јадранска Повелба е воспоставена со потпишувањето на Повелбата за партнерство помеѓу САД, Албанија, Хрватска и Македонија во Тирана во 2003 година. Во 2009 година кон иницијативата се приклучија Црна Гора и Босна и Херцеговина со што иницијативата го добива форматот А-5.

Целта на иницијатива е заеднички и координирани активности за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, унапредување на соработката во ЈИЕ и развој на настани насочени кон градење мир, демократија, стабилност и просперитет во Регионот. Активностите во иницијативата се насочени кон зајакнување на меѓусебната соработка, унапредување на одбранбените способности и капацитети, заедничко учество на вежби и обуки, НАТО операции и мисии, соработка меѓу регионалните центри за обука, како и промоција на политиката на отворени врати во А-5 за земјите набљудувачи и другите земји од регионот кои се со евроатланска ориентација и имаат за цел членство во НАТО Алијансата, соопшти МО

извор: МИА
Next Post

Нови 656 случаи на Ковид-19, 273 оздравени и 13 починати

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk