Тие што покренаа иницијатива за уривање на Владата имаа шанса сами да ја раководат и да ја управуваат седницата, бидејќи спикерот Талат Џафери го отстапи своето место на заменикот кој е од редовите на БЕСА. Тие што побараа расправа и гласање не опстанаа и си заминаа. Не гледам причини за драма и згрозување, вели лидерот на НСДП, Тито Петковски за „Утрински брифинг“.
-Во Уставот местото на пратеникот е централно. Дали е претставен како самостоен или дошол на граѓанска иницијатива, не е важно, тој ги претставува граѓаните но во Собранието гласа по сопствено убедување, вели Петковски.
Немам информација дали претходната вечер Кастриот Реџепи присуствувал на средбата со Заев, но пак ќе речам тоа е лично право. Ова е само дел од патот до освојување на демократијата, додава тој.
Во овој момент алармот ја крена совеста на членките на ЕУ. Не случајно дојде холандкиот премиер Руте. Самото негово присуство покажа дека нешто позитивно се случува во ЕУ, но секако се и исплашени да не тргне работата на друга страна. Ако не добиеме датум на отпочнување преговори ќе има повторно разочарување, но ЕУ се мобилизира, коментира Петковски.
-ВМРО-ДПМНЕ цело време зборуваа дека ќе го укинат Преспанскиот договор дури и дека и Рамковниот договор ќе го преразгледаат, а тоа би предизвикало хаос. Мислам дека итноста од ново парламентарно мнозинство е оправдана и мислам дека сме на пат да составиме ново, посилно, постабилно и поголемо парламентарно мнозинство, изјави во денешното гостување на УБ, поранешниот претседател на Собранието и пратеник Тито Петковски.
Во овој момент алармот ја крена совеста на членките на ЕУ. Не случајно дојде холандкиот премиер Руте. Самото негово присуство покажа дека нешто позитивно се случува во ЕУ, но секако се и исплашени да не тргне работата на друга страна. Ако не добиеме датум на отпочнување преговори ќе има повторно разочарување, но ЕУ се мобилизира, коментира поранешниот претседател на Собранието и пратеник Тито Петковски во Утрински Брифинг.