ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Красимир Каракачанов си даде оставка поради лошите резултати на парламентарните избори во Бугарија

November 15, 2021 18:51
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, кој долги години е на таа функција, си поднесе оставка денеска поради слабите резултати на партијата на вчерашните парламентарни избори, јави „Медиапул“.

Покрај него, оставки дадоа и неговите заменици – европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, неколку часа пред оставката беше уапсен за купување гласови и задржан на 24 часа.

Каракачанов во последната политичка влада беше вицепремиер и министер за одбрана. Тој, заедно со Џамбаски е еден од најгласните пропагатори на тезите за бугарскиот идентитет на Македонците и за целосно „бугарска“ историја на македонското подрачје.

Инаку, ВМРО зеде само околу 1 отсто од гласовите, според сегашните неофицијални резултати, што е далеку под цензусот за влез во парламентот. И на вонредните избори во јули не успеаја да влезат во парламентот.

Сепак, Каракачанов и покрај оставката, ги повика партиите што ќе влезат во парламентот да не отстапуваат „од заштитата на бугарските интереси во Македонија“.

„Кауза, што ние ќе продолжиме да ја браниме по цената на сè“, напиша Каракачанов.

Тој не е единствениот од раководителите на политичките партии што поднесе оставка или „чија глава се бара“.

Истакнати членови на Бугарската социјалистичка партија и противници на сегашната претседателка на партијата, Корнелија Нинова, ја побараа нејзината оставка поради слабите изборни резултати на партијата. Долгогодишните внатрешни опоненти на Нинова, Кирил Добрев, Елена Јончева и Атанас Кутев, откако е јасно дека партијата ќе биде четврта по сила во идниот парламент, јавно ја побараа денеска нејзината оставка иако Нинова вчера рече дека нема намера да ја напушта раководната функција.

Оставка поднесе и ко-претседавачот на коалицијата „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, и тоа од функцијата претседател на неговата партија „Да Бугарија“. И вториот ко-претседавач на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов објави дека презема „лична одговорност“ и повика да почне постапка за избор на нов претседател.

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека ќе го свика новиот состав на парламентот во најскоро време, откако Централната изборна комисија ќе ги објави имињата на новите пратеници, извести „Медиапул“.

„Верувам дека овој пат партиите ќе ги надминат своите разлики и ќе имаме стабилно мнозинство што ќе направи влада“, рече Радев.

извор: МЕТА

Next Post

Вистиномер: Во вакцините против ковид-19 нема живи паразити и полипи

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk