ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Иако не сме најголеми можеме да бидеме со најбрзи резултати, Северна Македонија целосно воено интегрирана во НАТО

November 16, 2021 14:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште една заедничка соработка на Северна Македонија и НАТО заврши со успех. Северна Македонија е целосно воено интегрирана во НАТО, а тоа според командантот на Командата на НАТО за трансформација, генералот Лавињ, е најбрзата воена интеграција во НАТО, комплетен успех и постигната цел само 19 месеци по полноправното членство во Алијансата. Уште еднаш покажавме дека иако не сме најголеми, можеме да бидеме најамбициозни и со најбрзи резултати. Честитки! Заедно сме посилни, а денеска и многу горди!

Ова на социјалните мрежи го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска во врска со потпишувањето на Заедничката декларација за интеграција на Северна Македонија во НАТО.

Министерката Шекеринска за време на средбата најпрвин се заблагодари на генералот Лавињ, кој како командант на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација пристигна во Скопје за да се финализира процесот на интеграција.

Притоа министерката Шекеринска кажа дека за Северна Македонија е гордост што успешно го заврши интегративниот процес, истакнувајќи дека Република Северна Македонија ќе продолжи со посветеност да учествува во процесите на трансформација кои континуирано се одвиваат во НАТО и со тоа да придонесува во заедничките одбранбени способности на Алијансата.



Генералот Лавињ кој во текот на вчерашниот ден за време на финалната интегративна конференција истакна дека чинот на формално воено интегрирање претставува успех не само за Северна Македонија туку и за НАТО, во текот на денешните разговори го истакна значењето на денешното потпишување на Заедничката декларација за интеграција, кое не само што претставува важно достигнување на одбранбените способности, туку и го потврдува зајакнувањето на Република Северна Македонија како доверлива и важна членка на Алијансата, земја членка која е подготвена и способна да ја прилагоди својата одбранбена структура и сили.

За време на оваа историска посета на Република Северна Македонија со која се означува потполната интеграција во НАТО, генералот Лавињ по средбите во Министерството за одбрана и Генералштабот оствари средби со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и со претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски.

По планираните состаноци се реализира свечена церемонија за потпишување на Заедничката декларација, на која по обраќањето на првите луѓе во одбраната и командантот на Сојузничката команда за трансформација, генералите Ѓурчиновски и Лавињ ја потпишаа Заедничката декларација со која и формално Северна Македонија ќе биде целосно воено интегрирана во НАТО – Алијансата.

Ј. Ѓ.

Next Post

Стојановски: Дали луѓето кои наместо „градоначалничка“ користат „жена градоначалник“, за „селанка“ викаат „жена селанец“?

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk