Mинистерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не се оптоварува со тоа дали ќе тој ќе биде меѓу министрите што евентуално ќе бидат сменети во наредниот период, откако вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи најави нова Влада предводена од Зоран Заев, но со шест-седум нови министри, пренесе 360 степени.
„Треба да работи и да остане да работи тој што се пронаоѓа себе си во министерската работа без разлика за кој ресор е, тој кој покажал резултати… А, евидентни се критериумите за успех во работата итн. И тоа го прави премиерот, така што не се оптеретувам со тој дел, сепак, сме фокусирани во овој дел што значи менаџирање на пандемијата“, одговори Филипче на прашањето дали очекува тој да се најде во реконструкцијата на Владата.





