ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоев за ТВ21: За брзо ќе излеземе со стабилно и зголемено мнозинство, подаваме рака на сите пратеници кои размислуваат прогресивно

November 18, 2021 07:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДСМ има поголем потенцијал за коалицирање од ВМРО-ДПМНЕ, што беше и докажано во Собранието во четвртокот, истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој нагласи дека иако навидум изгледа дека ситуацијата во Собранието е 60-60, сепак за брзо тоа ќе е поразлично.

Подаваме рака на сите пратеници кои размислуваат прогресивно и сакаат Македонија да е дел од НАТО, го поддржуваат Договорот од Преспа, сакаат преговори со ЕУ и немаат дилеми и алтернативи за тој курс, истакна Богоев, додавајќи дека во моментов е подадена рака, пред се на Алтернатива, но се разговара и со други пратеници.

За брзо ќе излеземе со постабилно и посериозно мнозинство од пред изборите и гласањето за недоверба на Владата, рече Богоев.

Богоев истакна дека е потребно да се внимава со изјавите во јавноста околу иднината на државата и на владата, со цел да се обезбеди сигурност и конзистентност како за граѓаните, така и за економијата.

Опозицијата убедуваше, дури и на неколку часа пред почетокот на седницата дека имаат обезбедено мнозинство. Се креираше слика во јавноста дека има некоја стабилна бројка и мнозинство за рушење на владата, што за среќа на граѓаните и државата се покажа како неточно, нагласи Богоев.

Тој додаде дека во оваа држава, мајстори за пазарење и контролирање пратеници се ВМРО-ДПМНЕ.

Се сеќаваме дека тие за време на Груевски ги тераа пратениците да потпишуваат меници на 600 илјади евра, додека опозициските пратеници беа исфрлани. Сега имам информација дека истото се случува и со советниците во неколку скопски општини и во внатрешноста, истакна Богоев.

Членот на ИО, Богоев, потсети дека одлуката дали ќе има предвремени или редови избори дефинираат 61 пратеник во Собранието, а не на список, со потпис на лист и тоа се покажа во четврокот.

До кога треба да продолжиме со дискусија дали има мнозинство, од страна на Мицкоски, Николовски, Милошоски, дали треба избори, а граѓаните имаат проблем со енергетска криза, со пандемијата, лани имавме избори, а во наредните денови ќе видите дека имаме поголемо мнозинство, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ Стефан Богоев во емисијата „Клик плус“.

Next Post

КЗБ предлага задолжително најмалку една вакцина или ПЦР тест за вработените во јавниот сектор, синдикатите против идејата

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk