ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии коорганизатор на 7. Регионален состанок на БЕПС-Инклузивна рамка

November 18, 2021 16:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии е коорганизатор на 7. Регионален состанок на БЕПС – Инклузивната рамка за земјите од Евроазија, Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). На состанокот учествуваат претставници од даночните администрации, министерствата за финансии, носители на одлуки, технички експерти и претставници од ОЕЦД, регионални и меѓународни организации, како и претставници од бизнис и академската заедница и граѓанското општество.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, како што соопшти ресорното Министерство, посочил дека една од целите на состанокот е да се развие дискусија за предизвиците од дигитализацијата на економијата и да се претстави сеопфатен систем за глобална минимална корпоративна даночна стапка.

– Во оваа насока, договорот кон којшто се пристапи во октомври како концепт што се базира на два столба, е чекор напред, но секако се уште има многу работи за да се дефинираат сите детали и да се имплементира Договорот за корпоративна даночна реформа, подвлекол Бесими.

Северна Македонија е една од 137-те земји кои минатиот месец го постигнаа договорот за корпоративна даночна реформа. Оваа реформа на меѓународниот даночен систем се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании. Со овој договор, и земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании.

– Дополнителни придобивки од оваа реформа ќе произлезат и од стабилизирањето на меѓународниот даночен систем и зголемената даночна сигурност за даночните обврзници и даночните администрации. Со глобалниот минимален данок ќе се стави крај на даночните раеви и ќе се намалат стимулациите за мултинационалните корпорации да го префрлаат профитот од земјите во развој. Процените за економското влијание направени од страна на ОЕЦД покажуваат дека земјите со низок, среден и висок приход ќе остваруваат значителен износ на дополнителни приходи, велат од Министерството за финансии.

БЕПС -Инклузивната рамка за земјите од Евроазија ги адресира слабостите на меѓународниот даночен систем, се справува со даночното избегнување и прелевање на профитот, ја подобрува поврзаноста на меѓународните даночни правила и обезбедува поголема транспарентност на даночниот систем.

На состанокот ќе се зборува и за развојот на меѓународните даночни стандарди при следењето на имлементирање на БЕПС проектот, како и за напредокот постигнат во спроведувањето на минималните стандарди на БЕПС и иницијативите за градење зајакнати капацитети.

извор: МИА

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Слободен печат, ексклузивно: Нема реконструкција, туку нова влада

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk