„Инвестираме во инфраструктурниот развој, за просперитетна држава и подобри услови за сите граѓани.
Граѓаните на истокот и југоистокот, од денеска возат по нова, модерна и безбедна обиколница, без да мораат да влегуваат во Штип“, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук во врска со пуштањето во сообраќај на штипската обиколница.
Обиколницата е во должина од 6 километри, коловозот е проширен на 11,5 метри, со две коловозни ленти од 3,5 метри ширина и две ленти за застанување.