ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЗО во С. Македонија поддржува систем за следење на еднаквоста во здравството усогласен со извештајот на Паневропската комисија

November 19, 2021 14:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестирањето во здравството е клучно за закрепнувањето на Северна Македонија и за одржлива економија. Ова беше клучната порака на министерот за финансии на Северна Македонија, Фатмир Бесими, на средбата со експертите од Европската канцеларија за инвестиции за здравје и развој на Светската здравствена организација и по неговите дискусии во Собранието за националниот буџет за здравство, соопштија од канцеларијата на СЗО во Скопје.

Тој исто така додаде дека здравјето е критичен столб за развојот на човечкиот капитал и затоа министерствата за здравство и за финансии работат заедно на забрзување на националната реформа на примарната здравствена заштита.

Ова следуваше по неколку состаноци на СЗО со министерот за труд и социјална политика, амбасадорот на Обединетото Кралство, германскиот заменик-амбасадор и други клучни национални институции за здравство и статистика за развивање на првиот систем за следење на еднаквоста во здравството во земјата и за поставување на здравјето и еднаквоста во здравството на централно место во новата национална стратегија за развој, со цел значајно економско закрепнување и одржливост по пандемијата.

Северна Македонија е првата европска земја што ја пилотираше алатката на СЗО за влијание и ублажување на еднаквоста во здравството заради обезбедување информации за националната стратегија за развој. Наодите се искористени за да се соберат широк спектар на креатори на политики и различни засегнати страни околу здравствената еднаквост и ранливоста на населението, кои влијаат на националното закрепнување од Ковид-19 од аспект на економијата, социјалната правда и инклузивноста, информираат од СЗО.

– Инвестициите во здравството, здравствените системи и здравствените детерминанти треба да бидат во сржта на социјално-економското закрепнување од Ковид-19“, подвлече министерот за здравство Венко Филипче во својот предговор кон извештајот „Нееднаквост во здравството и Ковид-19 во Северна Македонија: инвестирање во здравје и благосостојба за поправична и поправедна иднина за сите”.

Препознавајќи дека повеќето разлики меѓу групите во здравствената состојба и исходите произлегуваат од социјални и економски процеси, СЗО во Северна Македонија, како што се посочува, води стратешки заеднички заложби на здравствените власти и други партнери за постигнување еднаквост во здравството.

– Сите ние имаме улога во истакнувањето и справувањето со основните причини за здравствените нееднаквости и ќе имаме најголемо влијание за позитивна промена само кога здравјето ќе стане работа на сите и ќе биде ставено во сржта на сите национални политики, рече д-р Џихан Тавила, претставник на СЗО во Северна Македонија.

– Успешноста на социјалната реформа не е во тоа што повеќе граѓани да бидат регрутирани во системот на социјална заштита, туку да ги активираме на пазарот на труд, преку изработка на индивидуални планови на Агенцијата за вработување и центрите за социјална работа. Дека Оперативниот план на активни мерки и програми е успешен говорат и бројките од 94 отсто реализација за минатата година и досегашните 87 отсто реализација за оваа година, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа ја потенцираше важноста на меѓуинституционалната соработка и размена на податоци, особено при воведувањето мерки за поддршка на ранливите категории на граѓани.

СЗО, заедно со релевантните министерства, национални чинители и меѓународни партнери, има за цел да создаде национална рамка за следење на еднаквоста во здравството со вклученост на македонското Министерство за здравство, Државниот завод за статистика, Управата за е-здравство и неколку специјализирани здравствени институции, како што се Институтот за епидемиологија и Институтот за јавно здравје. Овој повеќесекторски потфат во Северна Македонија претставува пример за тоа како може да се усвојат и спроведат на национално ниво препораките од Монтиевиот извештај на Паневропската комисија за здравје и одржлив развој, кој им беше претставен неодамна на земјите членки на 71. сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, стои во соопштението од канцеларијата на СЗО во Скопје./МИА/.

Next Post

Дуда: Ако Софија ви каже „не“ за ЕУ и по изборите лично ќе се заложам да се реши прашањето

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk