Во соработка на МВР и Државнуиот инспекторат за животна средина од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, државни инспектори од Државен Инспекторат за животна средина и претставник од ЗОО градина Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во с.Чегране.
Од МВР известуваат дека при извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот Инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник за констатација, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок.