ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Сите кои тргнуваат од принципите на медицината ги поддржуваат мерките, Уставот гарантира дека јавното здравје е пред се

November 22, 2021 17:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, сите релевантни експерти од овие области, кои тргнуваат од принципите на медицината и епидемиологијата стојат позади мерките. Тие се неопходни да се задржи релативно мирната епидемилошка состојба во држатава, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешното гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Овие предлог мерки за кои утре ќе се дисутира на седница на Влада, се и правно оправдани, рече министерот.

-Заштитата на сопственото здравје  и здравјето на другите е во Уставот во член 39, во Законот за работни односи во член 32. Уставниот суд веќе има одлучувано по претходни претставки да се толкува уставноста на мерката за задолжителна вакцинација за други вакцини кај децата при прием во градинка. Одлуката на Уставен суд беше  дека јавното здравје е пред се – изјави Филипче.

Министерот апелираше до граѓаните да се вакцинираат, рече дека болниците и сега се преоптеретени, инфективните одделенија во државата се преполни. Во Скопје има пренаменети Клиники во ковид одделенија како Неврологија и Дерматовенерологија, па пациентите со невролошки заболувања се препраќаат низ други болници.

-Луѓе заболуваат и од други тешки и битни дијагнози. Граѓаните мора да покажат одговорност, имајќи предвид дека целокупниот систем во овој момент е преоптеретен најмногу со невакцинирани пациенти. Граѓаните мора да водат сметка не само за своите права, туку и за обврските кои ги имаат, а тоа е да го штитат сопственото здравје, здравјето на лицата околу нив, а со тоа и здравствениот систем – изјави министерот.

Анализите на Институтот за јавно здравје не утврдија присуство на делта плус варијантната на вирусот СарсКоВ2, сојот кој е активен во регионот и рапидно се шири.

-Не може да го спречиме вирусот да дојде кај нас, што значи голема е веројатноста и ризикот дека ни предстои еден силен бран. Немаме друг механизам како да се бориме, гледаме како се преполни болниците во сите земји од регионот. Апелирам граѓаните да се вакцинираат.За да постигнеме вакцинација од близу 70% од вкупното население треба да се вакцинираат уште помеѓу 400-450.000 граѓани. Мора да го заштитиме здравствениот систем, а со тоа и државата – рече министерот.

Филипче објасни дека граѓаните кои имаат контраиндикации од вакцините, а тој број е многу мал, нема да треба да се вакцинираат, ниту да прават ПЦР тетсови, туку доволна ќе биде потврда од одреден специјалист дека не може да примат вакцина. Министерот рече дека граѓаните кои ја прележале болеста, после  45 дена треба да се вакцинираат, бидејќи вакцините немаат никакви несакани појави по прележувањето на вирусот.

 

Next Post

Дел од Драчево утре без струја

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk