БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Само дебелокожец, чоек што не е у реду сам со себе, после триумфалноста во победата на локалните избори, може да се намести на феноменалниот волеј на Заев и Ахмети у Парламент.
И да не може да го осети прстот у уста и клоцата у г’з, со или без масно ткиво, сеедно. Не само што сам се стави у категорија тешки јебиветри, туку му успеа да се дефинира као лесен егзамплар на политички дунстер, аматер, губитник.
Зошто викам дека чоекот не е у реду? Па кој нормален, бе Боки, ќе си дозволи да ја закопа победата на локалните ко куче гомно у парк? И уште нешто, на Заев му направи поголемо мнозинство од тоа што го имаше, а по поразот од локалните, да се чувствува како голем победник.
На Миц нема да му текне, пошто тој и даље брои пратеници, бара мнозинство од нешто што не е избројано, ти текнуе? Немаше гласање за да речеш волку „против“, волку „за“. Не бе чоек, таму Миц немаше обезбедено кворум за почеток на седница за нешто да се брои, таму тој беше тежок губитник, а јадникот со оние негоите апаши излегуе по телевизии и брои 59 за СДСМ, 60 за ВМРО, и демек, тоа го прогласуе за успех.
Ама нема везе, него местото му е кај губитниците најверојатно од роџење. И не треба да се тревожи, да се јадосуе, пошто Заев прави влада, која, Мицко ќе може да ја обезвласти утре, или што би рекле Србите, „мало сутра“. А можда ќе успее ако „доџе јуче“. Од кај да знаеш, чоекот е савремен Худини, бе…
На антиваксерите можеш да им дадеш и бесплатни ПЦР тестови, тие нема да се јават на тестирање. Тие ќе напраат сè за да ја заебат Светската Здравствена Организацвија, СЗО, а највише да го заебат Венко Филипче, пошто им е ТРН у око. Влезени се до гркљан у некои конспирации, у некои светски заговори, и никој жив не може да ги одглави од таму.
Пружај им ти и јуже и стап да ги извлечеш, тие од калта ќе те пцујат и ќе те бркаат. Тие овде у нивната „МакедоЊа цела дае вечна дае, сао рома дае“, и г’з ќе даат, највеќи педери у свет ќе станат, ама вакцина нема да примат. И да се разбереме, у цел свет ги има ваквите кои се бунат, се бунтуат против вакцинирањето, ама ако им ги слушнеш аргументите, ќе видиш дека само овде тие се од типот – Кој ги шиша Венко и Караџоски, кој ја шиша, бе, владата, таа треба да падне сосе Заев и Груби, тие играат по нотите на Бил ГејЦ и сакаат од нас да напраат роботи.
Не се свесни дека ВМРО од нив напраи љангури, глупантропи, идиоти, стабилни јебиветри, каубојци и индијанци, Мирко и Славко стрипови, у кои најзабележан е дијалогот кога Славко на Мирко му вика: „Мирко пази метак!“, а овој му враќа, „Хвала Славко, спасио си ми живот!“. Каков Супермен бе, какви бакрачи, Славко имаше време да му каже на Мирко дека кон него лета куршум, а овој ја трга главата го избегнуе, и му се заблагодаруе.
Исто ко Заев и Али што му викнаа на Мицко у Парламент, „Мицко пази метак!“. Ама џабе, дебелокожец не мрдна и сиба мамата. И што очекуеш поише од него и од ваквите антиваксери…
И ај Мицко сам си ја заврши работата, ама на антиваксериве би им дал све бесплатно. И ПЦР тестови, би им ги отворил и стадионите и кафаните, и свадбите и славите и забавите, пошто, друго чаре против овие нашиве антиваксери нема. Остај ги нек се самоелиминираат со Ковидов, и ајт од почеток. Не бива другачие…
Така вика чичко Ангеле, е така да пишеш, Боки…