Беса Транс“, чијшто автобус ноќеска имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, преку објава на нивниот фејсбук-профил, изрази сочувство за изгубените животи.
За секакви информаци, како што посочуваат на објавата, во врска со случајот на располагање стои телефонскиот број 075273732.
– Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, изразуваме сочуство до семејствата и роднините на починатите, се молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Република Cеверна Македонија и Република Бугарија се со цел да се утврдат причините за оваа страшна трагедија! Се извинуваме на сите што не сме во можност да одговориме на бараните информации, бидејќи сме во голем шок, велат во објавата од „Беса Транс“.
извор: МИА