Германската амбасада во Скопје изрази сочувство за жртвите во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса Транс“ што се случи ноќеска во Бугарија, во која загинаа најмалку 45 лица.
– Амбасадата им изразува најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите од ужасната автобуска несреќа што се случила во Бугарија. Искрено жалиме за загубите, наведува Амбасадата на Германија.