Министерството за надворешни работи доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија.
МНР го споделува списокот на повредените патници, кои, како што наведуваат оттаму, се наоѓаат во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“:
- Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Северна Македонија
- Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Северна Македонија
- Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Северна Македонија
- Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Северна Македонија
- Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Северна Македонија
- Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија
- Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија.
извор: МИА