Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција истакна дека денеска ќе контактира со семејствата на лицата кои загинаа во страшната несреќа на автопатот „Струма“, пренесува ТВ 21.
„Денеска планирам да контактирам со семејствата, бидејќи сакам да знам кои се нивните очекувања во однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму за да можеме да го направиме овој акциски план“, истакна Османи.
Османи посочи дека се во постојана комуникација со бугарските власти и веќе се прават подготовките и плановите околу преносот на телата и целата процедура натаму.