ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Димитров – Гир: Климатските промени не засегаат сите и нé обврзуваат подеднакво

November 29, 2021 14:14
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Климатската промена е факт, а и нејзините последици кои ќе станат се потешки и сложени и ќе влијаат на секој дел од планетата. Треба да делуваме веднаш и глобално. Зелениот договор е повеќе од само една политичка лекција и се состои од практични акции и дејствија коишто сите треба да ги имплементираме и постојните и идните земји членки. Целта е нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир на денешната промоција на новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, која симболично беше замислена да започна во пет до 12 часот.

Тој во своето обраќање нагласи дека неодамнешна оценка ја става Северна Македонија помеѓу шесте најранливи европски земји кога станува збор за климатските промени и последиците во последните пет години повеќе од 50 отсто од популацијата беше зафатена од природни катастрофи како што се топлотни бранови, шумски пожари и поплави, а потсети и на пожарите од минатото лето, како и смртоносните поплави од 2016 година.

– Крајните цели на Зелениот договор се декарбонизирање на нашите економии. Ова е суштински кога станува збор за олеснување и ублажување на последиците од климатските промени. Целта на ЕУ како глобален лидер кога станува збор за климатските промени е да ги намали емисиите до 55 отсто до крајот на оваа декада и да ја направи Европа континент без јаглеродни емисии до крајот на 2050 година. Второ климатска адаптација и намалување на ризиците во случај на екстремни неповолни временски непогоди, рече амбасадорот Гир

Тој посочи дека бројни европски градови се посветуваат на адаптирањето на климатските промени а тоа значи правење отпорност кон климатските промени како и во урбанистичкото планирање преку рано предупредување и системи за евакуација, креирање на повеќе зелени простори и адаптација на објекти и зелена мобилност.

– Климатската промена не може да биде третирана преку само мали иницијативи туку бара сеопфатни политики и пристап којшто ќе бара силна политичка заложба и соодветни административни капацитети на национално и локално ниво. Потребни се иницијативи а вие треба да водите, но ние сме тука да ве поддржиме. ЕУ останува најголемиот донатор во земјата и отприлика 40 отсто од годишниот буџет за помошта е насочена за проекти кои се имплементираат локално во различни сегменти, рече Гир.

.Вицепремиерот за европски прашања Никол Димитров истакна дека суштинска кампања за зелениот договор, е едно од оние прашања околу кои мораме политички да се надраснеме и да делуваме заедно.

– Климатските промени и нивните последици не познаваат граници, не познаваат статус на членство или на земји кандидати за членство, налагаат заедничка акција и солидарност, со тоа се потврдува аргументот дека процесот на проширување е всушност процес на комплетирање на Европа и зошто европеизацијата е толку важна и потребна и нам, но и на земјите кандидати туку и на самата ЕУ. Ниту ЕУ, ниту ние нема да можеме да се справиме со ова прашање доколку тука, во нашата земја и регионот, не ги постигнеме европските стандарди за заштита во животната средина, рече Димитров.

Според него, Зелениот договор е израз на капацитетот на ЕУ како глобален актер да преземе одговорност да предводи и да биде сила која влече за добро и за позитивни промени. Додека пак зелената агенда за Западниот Балкан е израз на нашето стратешко партнерство, генерално но и конкретно во борбата против климатските промени и е потврда дека Унијата е нашиот најголем донатор и наш најголем поддржувач.

– Политиките во оваа област се едни од најважните за квалитетот на животот на сите граѓани и треба да бидат приоритет во процесот за носење на европските стандарди дома па затоа во Агенда Европа дома ја препознаваме важноста на животната средина како клучна област издигната на ниво на првиот кластер Темели, свесни сме дека процесот на зелена транзиција е голем предизвик, но уверен сум дека и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, така имаме преземено иницијални чекори заедно со активности за реализација на преземените мерки за исполнување на акцискиот план во врска со зелената агенда за сите пет столбови кои ќе служат како одредници за натамошно дејствување, но и поттик дека сето ова може да биде реалност, рече Димитров.

Слоганот на новата кампања на ЕУ е „Не постои резервна планета“, а целта е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент. Северна Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk