ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лајен: Вакцини за деца од 13 декември во ЕУ, мора да се разговара за задолжителна вакцинација

December 1, 2021 21:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вакцините за деца против Ковид-19 произведени од Фајзер/Бионтек ќе бидат достапни во Европската унија на 13 декември.

На прес-конференција посветена на текот на пандемијата и појавата на новата варијанта Омикрон, таа исто така рече дека се согласува во Европската унија да се одржи „дискусија“ за задолжителната вакцинација.

Во време кога новиот сој на вирусот – Омикрон го загрижува светот, Фон дер Лајен во однос на задолжителната вакцинација оцени дека е „соодветно и разумно да се разговара сега“, наведувајќи дека тоа е нејзин „личен став“.

– Тоа би барало заеднички пристап, но мислам дека тоа е разговор што треба да се одржи, рече таа.

Според неа, ќе бидат потребни околу 100 дена за научната заедница да го приспособи одговорот на вакцината на новиот сој на вирусот.

Во врска со вакцините за деца, Фон дер Лајен изјави дека вчера добила „добри вести“ од компанијата Фајзер/Бионтек.

– Тие се во можност да го забрзаат производството. Со други зборови, вакцините за деца ќе бидат достапни од 13 декември, додаде Фон дер Лајен.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) денеска препорача децата на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат против Ковид.

Вентарот наведе дека приоритет треба да се даде на вакцинирање на деца со висок ризик од развој на тешки форми на болеста, но дека и децата без ризик фактори можат да развијат и потешки форми и да бидат хоспитализирани, и оти сите деца на таа возраст треба да бидат вакцинирани.

Од центарот истакнаа дека уделот на хоспитализација на деца на возраст од пет до 11 години со Ковид расте, како и за сите други возрасни групи, но останува на многу пониско ниво отколку кај возрасните.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk