ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан – најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот

December 1, 2021 19:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при учеството на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој се одржа во Рига, ја истакна потребата за заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

Како што соопштуваат од МНР, за време на дводневните работни сесии биле разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како руското воено групирање околу границата со Украина и хибридните предизвици кои доаѓаат од Белорусија.

Исто така, како што се вели во соопштението, тема на состанокот била и состојбата во Западен Балкан, и геостратешките интереси на Алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и евро-атлантската перспектива на земјите од регионот.

Министрите за надворешни работи дискутираа и за Стратешкиот концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата.

На работните сесии, додаваат од МНР, министрите усвоија повеќе одлуки и документи и истите се значајни за идното делување и зајакнување на Алијансата но и за подготовка на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО, кој наредната година ќе се одржи во Мадрид.

Османи меѓу другото потенцираше дека сме сведоци на влошување на глобалното стратешко опкружување и деградацијата на меѓународниот правен поредок. Ја истакна потребата за заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргините на состаноците, министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил повеќе средби, како со помошник државениот секретар на САД, Карен Донфрид, министрите за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, на Норвешка, Аникен Ш. Хјитфелт, на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и на Р. Чешка, Јакуб Кулханек.

извор: МИА

Next Post

СЗО одлучи да започне преговори за договор за превенција и контрола на пандемијата

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk