ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Алек Болдвин: Не го повлеков чкрапалото

December 2, 2021 10:46
in ДЕНЕС, СВЕТ, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот од којшто беше убиена снимателката за време на снимањето на „Растење“. Ова се наведува во делови од првото негово интервју по несреќното убиство. Тоа ќе се емитува денеска, а е снимено на 21 октомври во Ново Мексико (САД).

– Видете, чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков, изјави глумецот прашан од новинарот на „Еј-би-си“, Џорџ Стефанопулос.

– Значи, никогаш не сте го повлекле чкрапалото?, праша Стефанопулос. – Од каде „жив куршумот“ во пиштолот?

– Не, не и не. Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!, одговори Болдвин.

Тој додаде дека не му е јасно како вистинскиот куршум се појавил на снимањето на филмот „’Рѓа“ на ранч во близина на Санта Фе. Снимателката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на тој филм, а режисерот Џоел Суза беше ранет, откако, според очевидци, Болдвин испукал пробен истрел од пиштолот.

Засега против него не е покренато обвинение.

Двајца членови на тимот покренаа граѓанска тужба поврзана со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание.

Надзорничката Мами Мичел во тужбата против Болдвин наведува дека, според филмското сценарио, од него не било барано да пука во таа сцена. Мичел, која повикала полиција по трагичниот настан, во тужбата тврди дека Болдвин, пукајќи од пиштол во насока на Хачинс, постапил непромислено и ги прекршил или занемарил безбедносните протоколи за муниција и оружје на сетот. Таа смета дека самиот Болдвин требало да провери дали има муниција во пиштолот и оти не требало да ја зема здраво за готово изјавата на помошникот-режисер дека оружјето е безбедно./MИА/.

Next Post

Ангелов: Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk