ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦЕФТА го промовираше проектот „SEED+“ за поефикасен трговски процес

December 2, 2021 14:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на царинските, фитосанитарните и ветеринарните служби на страни потписнички на ЦЕФТА, Европската комисија и Италијанската царина, кои се и партнери на проектот за електронската размена на податоци „SEED“, на состанокот во Будва ја промовираа надградената верзија „SEED+“. Како што посочија претставниците, оваа верзија дополнително ќе ја зголеми ефикасноста и ќе ги поедностави процедурите. Во пракса, тоа ќе значи дополнително намалување на времето на чекање на премините, поедноставени процедури за инспекција, намалени формалности и помали трошоци.

Според Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, SEED+ е еден од најважните приоритети во ЦЕФТА, кој ќе вклучува размена на податоци меѓу царинските управи и сите агенции кои се занимаваат со царинење, а на крајот ќе се прошири и на трговија со услуги предвидени во Планот за заеднички регионален пазар. SEED+ ќе овозможи и воведување на е-сертификација, што ќе доведе до трговија без хартија во ЦЕФТА, која до неодамна се сметаше за далечна иднина.

Генералниот директор на Царинската управа, Славица Кутиров очекува дека имплементацијата на овој проект ќе резултира со голема и многу значајна промена во регионите на Западен Балкан и ЦЕФТА, во рамки на електронската размена на прекугранични документи и нивното меѓусебно признавање од страна на инспекциските органи.

-За мене е огромно задоволство што сум во Будва бидејќи сме сведоци на лансирањето на проектот SEED+ System. Планираната динамика предвидува во јуни следната 2022 година тоа да се види на дело, рече Кутиров.

Генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување, Мачеј Поповски, рече дека зелените коридори во претходниот период ја покажале сета своја сила и важност за регионалната економска и трговска соработка.

-Ја имате нашата целосна поддршка да продолжите со достигнувањата на ова поле и да ги направите што е можно повидливи во пракса. Нема сомнеж дека заедничкиот регионален пазар има потенцијал да донесе огромни и трајни придобивки за сите граѓани на Западен Балкан. Регионалниот пазар е најдобриот пат за влез на европскиот пазар и Европската унија, рече Поповски.

Како што истакна Владимир Ѓаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи, SEED+ е од клучно значење за управите надлежни за фитосанитарни работи.

-Преку системот SЕED+ однапред ќе добиеме податоци за пратките и со тоа ќе добиеме можност поефикасно да располагаме со ресурсите, а дополнително преку овие активности ќе го подобриме системот за размена на податоци во согласност со нашите напори за усогласување со барањата на ЕУ во оваа област, додаде Ѓаковиќ.

извор: МИА

Next Post

Галовеј: Штом ќе се формира влада во Бугарија се надевам дека ќе има брзо придвижување на евроатлантскиот процес

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk