ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нов мобилен ангеограф – донација од Јапонија за болницата „Осми септември“

December 2, 2021 13:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нов мобилен ангеограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија ќе добие Градската општа болница „Осми септември“ во Скопје, како донација од Јапонија, во вредност од 100. 886 евра.

Договорот денеска го потпишаа амбасадорот на Јапонија во земјава, Хиронори Савада и директорот на болницата „Осми септември“, Христијан Костов.

Според амбасадорот Савада, овој апарат ќе придонесе за зголемување на квалитетот и капацитетот на болницата за да го адресира здравјето на кардио-васкуларниот систем.

-Ова дополнително ќе придонесе за намалување на ризикот од мозочен и срцев удар, кој е една од најчестите причини за морталитет во Северна Македонија, рече денеска амбасадорот Савада пред потпишувањето на договорот.

Инаку, овој грант е во рамки на Јапонската програма ЏЏП, а како што рече јапонскиот амбасадор, Јапонија е силно посветена да ја поддржи Северна Македонија во социјалниот и економскиот развој, што е многу важно за интеграцијата во Европската унија.

-Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, или ЏЏП, е еден од столбовите на нашата стретегија за соработка со Северна Македонија. Од 1996 година, Јапонија со вкупно 7,8 милиони евра поддржа 158 ЏЏП проекти, од кои 30 во Скопје во секторот здравство, образование и животна средина, рече Савада.

Тој додаде дека во рамки на оваа програма, ќе потпишат уште пет проекти во декември, и најверојатно уште неколку до март.

Директорот на болницата, Христијан Костов напомена дека со овој грант, Јапонија и јапонскиот народ продолжува во континуитет да помага во модернизирањето на болницата.

Тој денеска по потпишувањето на договорот напомена дека станува збор за втор грант, и благодарение на овие грантови се создаваат многу поволни услови во болницата „Осми септември“ да се вршат најсоодветните, насофистицираните интервентни и други радиолошки процедури.

Целта е, како што рече, да се намали листата на чекање, пациентите да имаат поквалитетно здравство и сите оние софистицирани медицински интервенции да бидат правовремено згрижени.

-Со набавка на оваа опрема Јапонија помага нашата болница да понуди врвна здравстена заштита, за што искрено се заблагодаруваме, додаде директорот на болницата „Осми септември“, Христијан Костов.

извор: МИА

Next Post

Спасовски: Основен предуслов за успешно справување со глобалните безбедносни предизвици е ефикасната меѓународна соработка

Shortcut

Најново

Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk