Jован Деспотовски веројатно ќе биде четвртиот кандидат за наследник на Заев. Тој денеска на прес конференција потврди дека сериозно размислува да се кандидира за лидер на партијата.
„Сериозно размислувам да се кандидирам за лидер на СДСМ. Утре ќе ја соопштам конечната одлука. Овој потег носи сериозна одговорност и големи предизвици. Ги правам последните анализи и консултации со семејството по што ќе ја донесам конечната одлука, изјави Деспотовски.
Коментирјаќи ги друите кандидати, Деспотовски рече дека не е важно кој ќе биде лидер, туку каков ќе биде лидерот.
„Широчината во кадровската понуда за идниот лидер на партијата е еднакво важна и за квалитетот и за образот на партијата, но и за да ја испочитуваме и вреднуваме пораката која ни ја испратија гласачите на последните избори, вели Деспотовски.
Извор: Локално