ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Стојанов во Утрински брифинг: Новомаалци конечно ќе живеат во нормални услови, очекуваме поддршка од институциите

December 3, 2021 12:05
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставникот на жителите од Ново Маало Игор Стојанов гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“ каде  ја соопшти нивната страна од приказната врзана со условите во кои живеат на парцелата спроти „Холидеј Ин“.

Тој потенцираше дека во моментов се на почетокот на она што треба да се реализира бидејќи повторно се јавуваат одредени групи на луѓе коишто покажуваат дека немаат интерес да се гради таму.

„Не ни е јасно зошто оваа група на луѓе се противи на тоа бидејќи на таа локација во моментов нема ништо, освен распукан бетон и нашите живеалишта“, вели Стојанов.

„Мислам дека не постои некој да не ја знае ситуацијата во Центар, во какви услови живееме ние, без одвод, без канализација, во керпичи, без изолација. Буквално сме како ѓубриште на Градскиот трговски центар и тоа ѓубриште не трае еден ден, туку се провлекува сто години“, истакна тој, додавајќи и дека токму сега постои бетонизација на овој простор, а пак со новиот комплекс ќе биде зелен простор каде ќе се прави најголемиот парк во Македонија.

„Овој парк ќе биде од јавен интерес, а кој има јавен интерес сега? Сега луѓето кога поминуваат овде кружат, се плашат да поминат бидејќи постојано има кражби и изгледа небезбедно. Буквално сме како една депонија среде Центар“, вели тој.

На прашање во врска со обесштетувањето, Игор Стојанов потенцираше дека првпат се случува во нашата историја некој да нуди фер обештетување со компензација, и од името на сите жители на Ново Маало потенцираме дека сме презадоволни од тоа обесштетување.

Во врска со најавените протести на „Зелен Хуман Град“, тој потенцираше и дека не очекува дека ќе бидат масовни бидејќи станува збор за една група на активисти коишто наместо да ја исправат грешката на институциите, тие ја продолжуваат нивната агонија.

„Тие треба да прават протести за да ја исправат грешката за нас. Ама таа грешка тешко може да се исправи, бидејќи ние немаме веќе трпение за сите тие работи“, истакна Стојанов.

Стојанов ги повика институциите да застанат на страна на граѓаните, бидејќи, како што вели – ние новомаалци сме дале поддршка со давањето на нашиот глас.

„Се надеваме дека советниците и градоначалникот на Општина Центар ќе го покажат вистинското лице на Скопје. Сакаме зелен простор и урбано уредени домови за нас“, заклучи тој, апелирајќи до сите да престанат со притисоците врз жителите и врз институциите бидејќи веќе се подготвуваат и да поднесат претставки до Советот на Општина Центар, до градоначалникот на Општина Центар и до ДКСК за случајот со ДУП Ј07 на Водно.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19

НАЈНОВО

Промоција на две книги поезија од Тихомир Јанчовски

October 15, 2025
Фото: Националната опера и балет

Се воспоставува наградата „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk